ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

21: Порелаксирани кога ќе има под 10 позитивни на Ковид-19, Наќе Отсјај, празнични дневници за работниците

Блок актуелности во 21 часот.

April 30, 2020 19:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Најновиот скандал во кој се вплетка Наќе Отсјај е неговиот „одмазднички поход“ против хуманитарната акција на Зоран Заев и неговото семејство. Конвојот од шест полициски возила кои тргнаа во „политичка“ контрола на стотиците пакети хуманитарна помош е „балансот“ што тој сака да го воспостави со секојдневните скандали на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ…..Прочитајте го најновото еспресо на Џабир Дерала, Министерот Отсјај.

Сугарески: Заеви имаат традиција на хуманост и донаторство, режимлиите пак со директивите од Будимпешта.

Се нешто опструирате, блокирате, кочите, а на државата и без вас и тргна! Станавме 30-та членка на НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, се справуваме со пандемијата и спроведуваме краткорочна, среднорочна и долгорочна економска стратегија согласно новите светски околности.

Деркоски: Да се одреди изборен ден и организацијата на изборите да почне од почеток. Деркоски од, како што кажа, позиција на претседател на ДИК, се воздржа од одговор на прашањето дали Собранието треба да се состане повторно.

– Точно е мора да се најде уставно издржано решение, да се договори консензуално меѓу сите политички фактори и во таа ситуација никој нема да го доведе во прашање легитимитетот на изборите. Остануваат неколку месеци до редовните избори, не е никаков проблем да се изнајде вистинско решение. Единствено на кое јас апелирам е дека треба да се створат максимално добри услови за организација и да се има фер натпревар во таа изборна трка, рече Деркоски.

Ангеловска: Нов проект во вредност од 90 милиони евра за поддршка на здравството и социјалата. Ова беше една од темите на состанокот со потпретседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, вицепремиерката Радмила Шекеринска и вицепремиерката Мила Царовска, во рамки на виртуелните Пролетни средби на ММФ и Светска банка. Вкупната поддршка од Светска банка за земјава за справување со коронакризата е 140 милиони евра, од кои 50 милиони ќе се наменат за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, која е наменета за зачувување на работните места, посочува министерската Ангеловска во објавата.

МТСП: Компаниите да исплатат празнична дневница на работниците што ќе работат на празник.

Мемеди: Може да бидеме порелаксирани само кога бројката ќе падне под 10 позитивни на Ковид-19.

(ВИДЕО) Петров: Со флексибилноста на економските мерки се спасуваат повеќе работни места и повеќе компании.

Помошта од 14.500 денари по вработен, обезбедена од Владата, заедно со Светска банка, значи спас на многу работни места но и сигурност во животите на нашите сограѓани за време на корона кризата. За да може што повеќе фирми да аплицираат а со тоа и да се спасат многу повеќе работни места, обезбедена е флексибилност во условите за користење на мерките, рече Петров.

Кога национализмот се декларира како патриотизам и креира режими. Шарл де Гол:  „Патриотизам е кога љубовта кон својот народ ја ставаш на прво место, национализам е кога примарна ти е омразата кон другите луѓе“.

Уписите во средните училишта според предвидените рокови.

Во САД повеќе од 30 милиони невработени за шест недели. Според студија на Институтот за економска политика, има околу 50 проценти повеќе луѓе отколку што се сметаше, кои можеле да се квалификуваат за бенефиции за време на последниот четиринеделен период, но се срамеле да се пријават или сметале дека постапката е премногу комплицирана.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Видео колумна „Без филтер“ на Цивил Медиа: Зошто ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ се против реактивирање на Собранието?

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk