МЕРКИТЕ за заштита задолжителни, досега регистрирани 1.442 заболени и 627 излекувани. Според министерот за здравство Венко Филипче, по една недела ќе се види дали ваквиот тренд ќе продолжи, по што ќе се осигура дека нема скриен кластер кој ќе се појави.
ЗАРАДИ ризик од недостаток, во Франција ограничена продажбата на никотински мастики и фластери. Информацијата дека никотинот влијае негативно на вирусот Ковид-19 брзо се рашири низ светот, иако текстот кој го тврди ова сѐ уште не е ни ревидиран и одобрен од експерти од истата бранша.
ЖИТЕЛИТЕ на Мадрид можат да гледаат филмови од нивните балкони откако локалните власти обезбедија големи мобилни екрани
ИМАМЕ сцена, имаме светски музичари, што ни фали? – пишува Петрит Сарачини. Одлични се концертите на бендовите и програмата на Град Скопје „Култура во време на Корона“. Уживам деновиве, следејќи супер свирки, светски звук и музика преку добар пренос во живо.
ЛЕКОТ Ремдесивир, првично користен кај пациенти со Ебола, дал добри резултати како пробен третман против корона вирусот, се вели во текст на Гардијан.
СЕ ГРИЖИМЕ за сите – мерки за помош на различни групи граѓани. Вицепремиерката Мила Царовска зборува за мерките и сите досега преземени чекори за помош на секој кој се соочува со проблеми во текот на епидемијата со корона вирусот.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА официјално е на второ место во Европа по број на смртни случаи од пандемијата на корона вирусот, покажуваат најновите бројки за смртни случаи во сите средини, вклучително и домовите за стари лица.
ПОРАНЕШНИОТ градоначалник на Центар, Андреј Жерновски следејќи го примерот на функционерите од СДСМ, реши разликата од 14.500 денари од неговата плата да ја донира на Државниот фонд наменет за помагање на граѓаните и фирмите.
Ј. Ѓорѓиоски