ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Мерките за заштита задолжителни, досега регистрирани 1.442 заболени и 627 излекувани

За една недела ќе се види дали трендот на намален број на заболени ќе продолжи, по што би било сигурно дека нема скриен кластер на заразени со Ковид-19.

April 30, 2020 06:44
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Мерките за заштита од корона вирусот граѓаните мора да ги почитуваат иако бројките на новозаболени се помали од претходните недели.

Според министерот за здравство Венко Филипче, по една недела ќе се види дали ваквиот тренд ќе продолжи, по што ќе се осигура дека нема скриен кластер кој ќе се појави.

Мерките опфаќаат задолжително да се носи заштитна маска за лицето, прекривка на устата и носот, така како што е пропишано во затворен простор или на отворено ако не може да се одржи препорачаната дистанца од два метра.

– Само единствено ако лично секој граѓани се заложи за тоа и даде свој придонес со доследно почитување на мерките, ние ќе го задржиме овој тренд, ќе ја надминеме оваа состојба и постепено ќе го вратиме нашиот живот во нормала, рече Филипче.

Новите податоци за корона вирусот во државава, покажуваат дека се регистрирани 1.442 заболени, 627 излекувани, 73 починати и 742 активни случаи.

Заболени од корона вирус се регистрирани во: Скопје – 493, Куманово – 384, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –147, Тетово – 76, Струга – 66, Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -7, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.

Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби хоспитализирани се 52 пациенти од кои 28 се на кислородна поддршка, а тројца се на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ хоспитализирани се 35 пациенти од кои со потешка клиничка слика се пет пациенти, а шест се на механичка вентилација.

Во Клиничката болница во Битола се лекуваат пет пациенти, а на домашно лекување се следат четворица пациенти. Во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани тројца пациенти, а уште шест се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во рамки на Детската болница Козле, функционира посебно Ковид одделение и болницата претставува Ковид 2 центар. Директорот на болницата, Ангелчо Андоновски, кој вчера преку видео врска разговараше со претседателот Стево Пендаровски, рече дека во болницата се тестирани повеќе од 50 деца од кои четири биле позитивни на вирусот.

– Најмалите дијагностицирани деца биле на возраст од четири месеци, а најголемото на возраст од 15 години. Во моментов во болницата во Козле се хоспитализирани три деца кои се сомнителни на вирусот, меѓу кои е и бебе родено пред 16 дена. Децата кои заболуваат од вирусот, имаат лесни симптоми и поминуваат без никакви компликации, истакна д-р Андоновски и посочи дека тоа во најголема мерка е резултат на физичката дистанцираност, односно децата седат дома со своите родители и не посетуваат градинка или училиште. Додаде дека меѓу вработените во таа јавна здравствена установа, досега, нема заболени од Ковид – 19.

За точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со корона вирусот, Владата отвори нов информациски канал на популарната апликација за дигитални комуникации „Вибер“.

Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“, исто како и останатите комуникациски алатки кои Владата интервентно ги отвори со цел интензивирање на комуникацијата со граѓаните за полесно справување со корона вирусот. Во тој пакет е и официјалната веб-страна koronavirus.gov.mk, мобилната апликација за „Андроид“ и „IOS“, како и наменските профили на социјалните медиуми „Фејсбук“, „Инстаграм“ и „Твитер“.

Владата апелира до граѓаните да се приклучат на „Коронавирус МК Koronavirus“ „Вибер“ заедницата, за добивање точни, официјални и брзи информации поврзани со Ковид-19 на својот мобилен телефон. Линкот за вклучување е: https://vb.me/nmk_gov.

Во меѓувреме, беше објавено дека се негативни и вторите тестови за корона на премиерот Оливер Спасовски и на министерот за здравство Венко Филипче, со што заврши нивната самоизолација. Двајцата порачаа дека е многу е важно сите да ги почитуваат мерките и препораките за заштита од Ковид 19.

Next Post

Кино од балкони во Мадрид (ВИДЕО)

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk