ВЛАДАТА на Република Северна Македонија, на седница што се одржа денеска, 1 мај, донесе измена на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работниците и работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.
МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче, информираше за последните промени со состојбата на заболени и оздравени пациенти од корона вирусот кај нас. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 69 оздравени пациенти.
СО одлуката за ограничување на движењето на граѓаните на територијата на целата држава за време на првомајските празници од 47-ма седница, Владата на Република Северна Македонија утврди дека на 1, 2 и 3 мај, односно петок, сабота и недела, ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 14:00 часот.
ВИЦЕПРЕМИЕРОТ за европски прашања Бујар Османи денеска изјави дека преговарачката рамка од Европската комисија, според информациите со кои располагаат.
ЗАЕВ: Утрово, по повод Денот на трудот но и заради зголемената потреба од крв во време на борбата со коронавирусот, дарував крв заедно со повеќе членови на моето семејство.
На СЕДНИЦА на Народна банка, биле анализирани досега преземените мерки за одржување на финансиската стабилност, како и остварените и очекуваните резултати.
МОБИЛНАТА апликација #ChallengerДомa“ги мотивира сите граѓани да останат дома и со тоа да го победат коронавирусот, информираат од тимот на „Challenger“ кои денеска ја лансираа оваа алатка.
АМПЕВА од Гласен текстилец на фејсбук: Успеавме! Победа за работниците над капиталистите! Нека ни е честит 1 Мај, денот на трудот!
СИЛЕН земјотрес од 4,5 степени по Рихтеровата скала почувствуван во Бугарија.
СПОРЕД последните податоци, во светот со новиот корона вирус досега се заразени 3.322.926 лица. Од нив починале 234.408, а оздравеле 1.050,430 луѓе.
А. Н. Стојчевски