Силен земјотрес од 4,5 степени по Рихтеровата скала почувствуван во Бугарија.
По серијата земјотреси кои периодов ги потресоа најпрво Хрватска, a потоа и Албанија, денес регистрирано било и тектонско движење во Бугарија.
Епицентарот на земјотресот бил регистриран на 10 километри од градот Пловдив.
Засега нема информации за настрадани и причинета материјална штета.
А. Н. С.