ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Заев: Заедно ќе се бориме против сите обиди за кршење на работничките права

Се бориме за достоинството на работникот, ја покачивме минималната плата од 9.000 на 14.500, ја покачивме просечната плата, а невработеноста ја намаливме на историски најмали проценти.

May 1, 2020 08:36
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, по повод Денот на трудот и работничките права, на својот Фејсбук профил се заблагодари за сите досега вложени напори и за истрајноста на сите работници кои во време на коронакризата се справуваат со настанатата ситауција. Заев порача дека Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на подобрување на условите за работниците.

Почитувани работници, вие сте моторот на македонската економија. На овој Први мај сакам да ви се заблагодарам за напорите што ги правите, за истрајноста што ја покажувате и за солидарноста која ве краси. Да продолжиме заеднички да се справуваме со кризата што го опфати целиот свет и сигурно ќе ја извојуваме најголемата победа со тоа што ќе ги задржиме работните места.

Поради глобалната пандемија од коронавирусот, оваа година, Денот на трудот го одбележуваме во несекојдневни, вонредни околности, во кои солидарноста, тој взаемен однос кон другите, кон работниците е темел на нашиот морал.

Се бориме за работните места и за основен приход на секој наш човек. И свесни сме за ризиците. Синдикалните здруженија ја посочија опасноста од можни негативни ефекти врз работниците во приватниот сектор. Тука сме да им кажеме на сите: злоупотребите не смее да се толерираат! Заедно ќе се бориме против сите обиди за кршење на работничите права или за загрозување на солидарноста.

Фер и праведно е сега фирмите да им обезбедат достоинствен приход на своите работници и да ги задржат на работа, преку помошта обезбедена од државата. Оние компании кои непречено функционираа и за време на кризата, фер и праведно е да ги наградат своите вработени кои и во вонредни околности посветено работеле и создавале. Тоа е солидарност, тоа е праведност.

Напредокот ќе го обезбедиме само ако работниците во нашата земја се вреднувани, мотивирани и почитувани, работници кои се сигурни и заштитени на своите работни места. Тоа го потврдивме во изминатите 2,5 години, со низа мерки и политики кои го вреднуваат трудот. Се бориме за достоинството на работникот, ја покачивме минималната плата од 9.000 на 14.500, ја покачивме просечната плата, а невработеноста ја намаливме на историски најмали проценти.

Денес, кога заедно се трудиме да го видиме крајот на здравствената криза, заедно со сите граѓани и сите работници се движиме кон новата нормалност. За да ја постигнеме целта, мора секој од нас да даде свој придонес, сите да ги почитуваме мерките и така да обезбедиме брана за опасната зараза.

Нека ни е честит Празникот на трудот! #1Мај, напиша Заев на Фејсбук.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Бензински пумпи во Солун и Атина инсталирале софтвер со кој се точела помала количина на гориво

May 9, 2025

В недела посебен режим на сообраќај во Скопје

May 9, 2025

Адвокатот на семејството на загинатата Фросина Кулакова: Обвинетиот Васил Јованов даде едно голо признание со намера да ја ублажат казната

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Папа Лео XIV Фото: Скриншот

    Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Почина лицето на кое беше пукано во Штип, убиецот е уапсен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk