Вирус на глупоста.„Во шампитата за смислување вакви вируси не бараат вакцини. Бараат само пренесувачи, или доволно долга и дурла сурла, која ќе го шири вирусот на глупоста и без срам ќе урла“, пишува Сарачини.
Филипче: Се намалуваат индикациите за тестирања од Ковид -19. Тој нагласи дека се намалуваат индикациите за тестирања, како преку пунктовите, така и во приватните лаборатории и тоа, како што истакна, води кон насока на стивнување на епидемијата со коронавирусот, како што се очекуваше во овој период.
Пендаровски: Не можев да верувам дека во 21. век некој некому може да му го оспорува јазикот. Во врска со барањата на Бугарија во однос на македонскиот јазик Пендаровски истакна дека тоа е најригидната одредба во декларацијата на бугарскиот Парламент.
Потсети дека македонскиот јазик е историски факт и е потврден на меѓународно ниво од 1974 година.
Маски и ракавици и на отворено, секогаш кога не може да се одржува дистанца од два метри.
Заштитната опрема не е задолжителна за граѓаните кои престојуваат во двор на станбена семејна куќа, возат велосипед или спортуваат на отворено, (но со задолжително одржување на дистанца од два метри растојание), соопшти Министерството за здравство.
Градот Дебар, во кој беше прогласена кризна состојба на почетокот на епидемијата нема повеќе корона вирус. Тоа значи дека во моментот во Дебар нема заболени од Ковид-19“. Не дека е добра туку предобра вест, прво за пациентот секако, а и за сите нас кои пополека со се подобрите вести дека повеќе од две недели нема ново заразени,послободно дишеме,вели дебранката Јованка Василевска, пензионер.
Променливо облачно со дожд. Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
(ВИДЕО) Легендарните Квин за здравствените работници: „Вие сте шампионите“.
Преку видео врска меѓу Лондон, Корнвол и Лос Анџелес, легендарните: Брајан Меј, Роџер Тејлор од Квин + Адам Ламберт, од нивните домови снимија нова верзија на класичната химна на Квин “We Are The Champions”, со некои суптилни промени.