ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Дебрани со радост ја примија веста дека е излекуван и последниот случај со „Ковид-19“

-Тоа значи дека во моментот во Дебар нема заболени од Ковид-19“. Не дека е добра туку предобра вест, прво за пациентот секако, а и за сите нас кои пополека со се подобрите вести дека повеќе од две недели нема ново заразени,послободно дишеме,вели дебранката Јованка Василевска, пензионер.

May 2, 2020 07:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Жителите на Дебар со радост ја примија информацијата дека е излекуван и последниот случај со „Ковид-19“, чиј втор контролен тест се покажа негативен.

-Тоа значи дека во моментот во Дебар нема заболени од Ковид-19“. Не дека е добра туку предобра вест, прво за пациентот секако, а и за сите нас кои пополека со се подобрите вести дека повеќе од две недели нема ново заразени,послободно дишеме, вели дебранката Јованка Василевска, пензионер.

-Знаете на почеток кога се појави веста за болеста не обзеде чувство на страв, потоа како што се наголемуваше бројот на заразени тоа прерасна во паника, па потоа во навика, која сепак не притискаше во душата, со прашање кој ќе биде следниот и кога ќе заврши сето ова, ни рече во телефонски разговор Арбана Ќормемети, професорка во дебарската гимназија.

Додаде дека сега може полесно да дишеме,но мерките и препораките треба и понатаму да се почитуваат.

Во првиот, како што самите дебрани го нарекуваат македонски Вухан, поради зголемиот број заразени на 13 март беше воведена кризна состојба, која траеше еден месец. Во градот можеа да влегуваат единствено возила, кои вршеа дотур на храна и лекови, а жителите на Дебар не можеа да го напуштат градот. Сето тоа строго го контролираа полициските пунктови поставени на „Бошков Мост“ на влезот од Маврово и кај ХЕ „Глобочица“ на влезот од Струга.Истото важеше и за жителите на општина Центар Жупа, од каде беа и првозаразените, сопружници од селото Баланци, кои беа прво дијагностицирани, на 27 февруари, по нивното пристигнување од Италија, каде што биле во посета на нивните деца. Во оваа општина други заболени немаше.

Во изминатиот период во Дебар и Центар Жупа, како што информираше раководителот на Работната единица за јавно здравје, Ментор Меља, епидемиолог, направени се 270 тестови на сомнителни случаи, од кои позитивни биле 51. Оздравени се 47, а починати четворица, од нив тројца мажи од Дебар и жена од Центар Жупа.

Веста дека повеќе нема новозаболени од корона вирус претходно ја соопшти градоначаланикот на Дебар Хекуран Дука./МИА/.

Next Post

Вирус на глупоста

Shortcut

Најново

Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

August 26, 2026

Вељановски: Дали се подготвува урбанистичка измама тешка 23.5 милиони евра во Гази Баба?

August 26, 2026

Трамп е наш, ние сме трапави!

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk