ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТ оздравени пациенти се регистрирани денеска во Институтот за јавно здравје, од кои 19 се во Скопје, 25 се во Куманово и едно лице е во Прилеп. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска за прв пат од почетокот на епидемијата, во 24 часа, нема прием на нови пациенти, позитивни или сомнителни на Ковид-19.
МИНИСТЕРСТВОТО за здрваство во целост ги демантираше шпекулациите кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ги пласира во јавноста за некакви неправилности во однос на набавката за респираторни машини. Министерството апелира да престанат со замајување на јавноста и слободно да ги повикаат сите институции да го истражат овој непосточеки случај.
ШЕФОТ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, изјави дека ОДИХР се подготвени да ги набљудуваат изборите во Северна Македонија, како што најавија на прес-конференицјата на 3 март, веднаш штом за тоа се создадат услови со оглед на пандемијата.
МИНИСТЕРСТВОТО за надворешни работи информира дека 102 студенти од Северна Македонија кои студираат на универзитетите во Турција беа успешно репатрирани во земјата.
AНТИВЛАДИНИОТ протест во Љубљана против тоталитаризам и „Орбанова ситуација“ заврши мирно и без инциденти. Сте учесници носеле заштитни маски и ја почитувале мерката за растојание од еден и пол метар меѓу граѓаните.
ГЕРМАНСКАТА канцеларка Ангела Меркел денеска повика на глобално заедништво во борбата со пандемијата на новиот коронавирус и заеднички напор да се пронајде вакцина против заразата.
ВО понеделник, Европската унија и партнерите ќе се обидат да соберат 7,5 милијарди евра на донаторска конференција за развој на вакцини и т6ерапија против корона вирусот.