ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Истражување: Граѓаните и натаму со висока поддршка за мерките против корона вирусот

Резултатите покажуваат дека високи 77,2 отсто од анкетираните сметаат дека мерките кои ги преземаат надлежните го спречуваат ширењето на вирусот, додека 17,9 отсто не се убедени во тоа.

May 3, 2020 17:40
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓаните и натаму во големо мнозинство им даваат поддршка на рестриктивните мерки за заштита од корона вирусот, покажува најновото истражување на јавното мислење, кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Според резултатите од истражувањето 57,5 отсто од граѓаните сметаат дека воведените мерки се соодветни, 21,2 отсто ги сметаат за престроги, а 13,2 проценти за недоволни.

Во споредба со истражувањето кое за Детектор ИПИС го спроведе на почетокот на кризата во март, за 5 процентни поени пораснале граѓаните кои сметаат дека мерките се соодветни, а за 3,2 процентни поени се намалил бројот на граѓани кои мерките ги сметаат за соодветни.

Најголема промена има меѓу граѓаните кои мерките ги сметаат за недоволни. Ако во март 20 отсто од граѓаните сметале дека мерките не се доволни, сега тој процент паднал на 13,2 отсто.

Oд работа на министерот за здравство Венко Филипче, како задоволни се изјасниле 78,3 отсто од анкетираните.

Од анкетираните, 71,2 отсто  велат дека се задоволни од работата на надлежните во однос на кризата со корона вирусот, додека 22,2 отсто велат дека не се.

Во однос на претходно истражување на јавното мислење во март, задоволството на граѓаните од работата на надлежните паднало за 8 процентни поени за месец дена, а за 8,2 процентни поени пораснало незадоволството во истиот период.

Резултатите покажуваат дека високи 77,2 отсто од анкетираните сметаат дека мерките кои ги преземаат надлежните го спречуваат ширењето на вирусот, додека 17,9 отсто не се убедени во тоа.

Помалку од половина од анкетираните сметаат дека македонското здравство има ресурси за да се справи со кризата. Ваков став делат 41.2 отсто од анкетираните, додека 35,2 проценти се убедени во спротивното.

Во споредба со истражувањето во март, не се бележат значителни промени кај расположението на граѓаните . 40,7 отсто од анкетираните граѓани велат дека се задоволни од начинот на кој се врши тестирањето за присуство на корона вирусот. 33,8 отсто велат дека не се задоволни, а 25,5 проценти немаат одговор на ова прашање.

Повеќе од една третина од анкетираните очекуваат нормализација на состојбата до крајот на мај. Ваков став имаат 36,6 проценти од анкетираните, 18,3 отсто очекуваат нормализација до крајот на јуни, а 12,1 проценти до крајот на месец април. 7,2 отсто од анкетираните сметаат дека нормализација ќе имаме дури во септември, 5,1 отсто до крајот на годината, а 1,3 проценти следната година.

Граѓаните и натаму најмногу стравуваат од економската криза предизвикана од корона вирусот. Ваков став имаат 33,5 отсто од анкетираните, што е благо намалување во однос на оние 38,8 отсто кои економската криза ги загрижуваше најмногу во мартовската анкета.
11,8 отсто стравуваат од колапс на здравствениот систем, 10,1 отсто од недостаток на храна и лекови, 8,5 отсто од рестрикциите на социјалниот живот и 7,6 отсто од губењето на работното место.

Во однос на земјите од регионот, граѓаните во мнозинство сметаат дека нема некоја разлика во начинот на кој Македонија се справува со кризата.

Ваков став имаат 49 отсто од анкетираните, 23,6 отсто сметаат дека земјава се справува подобро, а 17,1 проценти полошо од соседните земји.

Истражувањето на јавното мислење по нарачка на Детектор телефонски го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1123 испитаници во периодот од 21 до 24 април.

 

A. H. C.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Со дефиле на 50 делегации во Скопје започна Европскиот младински олимписки фестивал 2025

July 20, 2025
Фото: Скриншот

Капибара – глодарот кој ја победи агресијата

July 20, 2025

Светски температурен биланс: 49,6 °C во Иран, -74,2 °C на Антарктикот

July 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Откако од гробовите станаа славните јунаци, сѐ отиде по ѓаволите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џабир Дерала назначен за Генерален секретар на НЕПФ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маж се удавил во Охридското Езеро во близина на Струга

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и Николоски со ново видео: Од Климештани до Охрид вклучени околу 1.200 работници, над 400 камиони и повеќе од 100 булдожери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk