ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Бертелсман индексот за трансформација ги потврди одговорните политики на земјата

Во Извештајот се наведува дека по 11 години десничарско и конзервативно владеење актуелната влада е решена одново да ги изгради институциите и да ја возобнови демократијата. Практично, забележаниот прогрес во повеќе сфери се должи на искрениот, транспарентен и демократски принцип на владеење што го практикува СДСМ. Ваквиот граѓански концепт ќе го градиме и во иднина.

May 3, 2020 12:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Државничките и одговорни политики на СДСМ и владата што ја предводи уште еднаш добиваат меѓународно признание, наведуваат во соопштението до медиумите од СДСМ.

„Во извештајот на Бертелсман индексот за трансформација (БТИ) е наведено дека Северна Македонија бележи напредок според поголем број критериуми, споредбено со периодот пред четири години. Извештајот нотира дека нашата држава има генерален скок од 14 места на листата, а поединечно е забележан напредок од 19 места во индексот на владеење.

Северна Македонија сега е рангирана на 30-то место, а позади нас се Албанија, Србија, Косово и Босна и Херцеговина. Во врска со индексот на владеење каде што е забележан најголем напредок, нашата држава е подобро оценета од Хрватска, Романија, Унгарија, Бугарија, Полска, Србија, Косово, Албанија… со што Северна Македонија е лидер во регионот според индексот за трансформација.

Во Извештајот се наведува дека по 11 години десничарско и конзервативно владеење актуелната влада е решена одново да ги изгради институциите и да ја возобнови демократијата. Практично, забележаниот прогрес во повеќе сфери се должи на искрениот, транспарентен и демократски принцип на владеење што го практикува СДСМ. Ваквиот граѓански концепт ќе го градиме и во иднина.

Затоа што нашиот фокус и натаму остануваат граѓаните, демократијата, правдата и економијата, овој Бертелсман индекс за трансформација ќе бележи напредок и во следните години затоа што СДСМ ја води државата во вистинска насока.

Овој Извештај е потврда на исправните и применливи политики кои ги спроведуваме.

Решавањето на тридеценскиот спор со Грција околу името ги отстранило главните препреки за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ и се додава дека сетот реформи на правосудството има за цел да ја намали политичката контрола и да ја воспостави независноста на судството. Ова е потврда дека Северна Македонија е на прав пат и дека ќе продолжиме со реформите во судството и администрацијата со цел да завладее правната држава која целосно ќе ги искорени криминалот и корупцијата.“ се вели во соопштението на СДСМ.

 

Next Post

Полицискиот час не го почитувале 75 лица, 59 приведени

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk