ИЗБОРИТЕ ќе се вратат на почеток ако Уставниот суд го врати парламентот. Сѐ зависи од тоа дали стручниот колегиум на Уставниот суд в среда ќе ја прифати иницијативата за преиспитување на одлуката на пратениците да се самораспуштат, со цел на 12 април да се одржат избори.
КРИВАТА на излекувани од Ковид-19 стрмно расте, активни 482 случаи, Османи препорача меки мерки наместо полициски час.
МОЖНИ предлози за начин на работа на кафулињата по олабавување на мерките. Овие предлози доаѓаат и од примери од други земји каде се покажале како успешни во оваа фаза од пандемијата, кога оптимистички се намалува бројот на нови заразени, а расте бројот на оздравени.
ВО СРЕДА по седницата на Уставниот суд, ќе имаме работен состанок на кој судиите ќе заземе став дали да ја прифатиме иницијативата и под службена должност да поведеме постапка за распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите, изјави претседателот на Уставниот суд Сали Мурати.
ОД ДЕНЕСКА голем број европски земји почнуваат да укинуваат некои од рестриктивните мерки наметнати поради пандемијата со Ковид-19.
СРПСКИОТ претседател Александар Вучиќ, најави дека вонредната состојба ќе биде укината на 6 мај, на Ѓурѓевден, и дека изборите во Србија ќе се одржат на 14 или 21 јуни.
ПО ПОВОД 117-годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, потпретседателката на Собранието, Ременски, денеска во црквата „Свети Спас”, на гробот на Гоце Делчев, ќе положи венец свежо цвеќе.
РЕКТОРОТ на УКИМ Јанкуловски: Годинава упис на факултет само со постигнат успех
АМЕРИКАНСКИОТ претседател Доналд Трамп изјави дека вакцината против новиот коронавирус ќе биде откриена до крајот на оваа година.
Ј. Ѓорѓиоски