ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Ректорот на УКИМ Јанкуловски: Годинава упис на факултет само со постигнат успех

Во однос на прашањето за недостаток на инфектолози и епидемиолози, на што укажа пандемијата, но и генерално, долгогодишниот проблем со недостаток и на друг медицински кадар во земјава, како што се гинеколози, патолози, Јанкуловски потенцира дека за ова разговарал со повеќето министри за здравство наназад низ годините

May 4, 2020 07:05
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Никола Јанкуловски, вели дека наметната ситуација од пандемијата на корона вирусот ќе направи и одредени промени во образовниот систем. Во интервју за Радио Слободна Европа, ректорот Јанкуловски појасни дека поради фактот дека оваа учебна година нема да се полага ниту државна, ниту училишна матура,  ниту пак завршен испит, средношколците кои сега завршуваат и планираат да студираат на некои од факултетите ќе се запишуваат врз основа на постигнатиот успех.„Со оглед на оваа ситуација, ќе се доделуваат сведетелствата, односно дипломите на средношколците без матурите што ги споменав. Повеќето матуранти одат со упис на факултетот врз база на успехот, без приемни испити. Постојат и исклучоци, како што се факултетите за уметностите, таму од практичен аспект има приемни испити, колку идните студенти ќе може да се справуваат со нивната идна професија. Но, за ова се разговара, се анализира ситуацијата. Дури има и некои предлози од деканите да се одржат приемните испити на отворено. Мислам дека тоа некако ќе го решиме“, истакнува ректорот Јанкуловски.

Во однос на прашањето за недостаток на инфектолози и епидемиолози, на што укажа пандемијата, но и генерално, долгогодишниот проблем со недостаток и на друг медицински кадар во земјава, како што се гинеколози, патолози, Јанкуловски потенцира дека за ова разговарал со повеќето министри за здравство наназад низ годините

„Сметам дека недостатокот на одредени кадри, на пример епидемиолозите се должи на тоа што таа специјализација ја сметаат за помалку атрактивна. Повеќето се одлучуваат за изборот за хируршките гранки и интернистичките гранки, додека за групата на, како што реков, институтски специјализации постои помал интерес.  Можеби тука треба да се делува во самите болници, односно здравствените установи. Првите луѓе на здравствените установи треба некако  да делуваат во смисла специјализациите што ќе ги добиваат нивните вработени да бидат канализирани и во согласност со програмата на Минситрерството за здравство, а не по личните убедувања на поединците. Мислам дека ако се  направи добра соработка меѓу Министерството за здравство и здравствените центри во земјава ќе се направи добра стратегија“, вели ректорот Јанкуловски.

Next Post

Положување цвеќе на гробот на Гоце Делчев - 117 години од смртта на револуционерот

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk