ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Мерките за патувања во летните месеци ќе се координираат со соседните земји

За утре е закажан состанок на СЗО за нашиот регион, а и на самит на ЕУ во среда, на агендата е дискусија за т.н. излезна стратегија од  Ковид-19.

May 4, 2020 16:09
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За стратегија за годишните одмори и патувања во време на пандемијата во летните месеци ќе се зборува откако ќе има координација со соседните земји, рече министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на прашање дали има препораки до граѓаните каде да летуваат, со кои превозни средства и дали се водите безбедни за капење.

Соопшти дека се координира и разменува информации за активности со министри од соседните земји и треба, рече, да направат заедничка конференција.

-Има сè уште многу отворени прашања. Како што ме информираше грчкиот колега, тие планираат отворање на границите во јуни. Сè уште ништо во мај. Но мислам дека многу ќе постигнеме со овој заеднички состанок и координација поради тоа што може да донесеме некакви мерки коишто ќе ги почитуваат сите граѓани, од сите околни земји, ако патуваат било каде. Сметам дека само тоа може да биде една успешна приказна. Зашто непочитување на мерките, не само кај нас, туку и во која било друга земја, е загрозување на јавното здравје – дома или таму во странство, истакна Филипче.

Во однос на Словенија, која им препорачала на своите граѓани да патуваат со автомобили до блиски дестинации и да не користат авиони и бродиви, министерот смета дека има логика во тоа, но се поставува прашање, рече, дали и странците би ги почитувале тие препораки.

За утре е закажан состанок на Светската здравствена организација за нашиот регион, а и на самит на ЕУ во среда, исто така, на агендата е дискусија за т.н. излезна стратегија од  Ковид-19.

-Една од темите на двата состанока, утре и задутре, ќе биде како ќе се координира отворањето на границите и кои мерки ќе ги преземе секоја од земјите. Затоа што нема да можеме, не само ние, туку која било земја, да има успешна национална стратегија ако во одреден момент без контрола се пуштат патници од странство. И затоа е секоја земја свесна и затоа се овие координативни состаноци, истакна министерот Филипче.

Во однос на отворање на базените, одговори дека како и за сите други спортски објекти, работата и организацијата на тренинзите и натпреварите е предмет на мерките што ќе ги официјализираат до крајот на оваа недела. За сугестиите од некои пливачки клубови дека хлорот во водата не влијае на ширење на вирусот, Филипче одговори дека проблем може да предизвика самото собирање на луѓето и користење на  соблекувалните во базените.

А. Н. С.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Кина и Русија го осудија нападот на САД врз нуклеарните објекти на Иран

June 22, 2025

Чупеска: ВМРО-ДПМНЕ со системски упади го руши владеењето на правото и ги игнорира меѓународните препораки

June 22, 2025

Прес на Пентагон: Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна

June 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Камениот мост во село Зовиќ туристичка атракција во Мариово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Концерт „ШЛАГ ШЛАГЕРИ – Ко некад у 8“ во рамки на фестивалот Скопско лето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk