Познатиот пејач, водител и телевизиско лице Драган Вучиќ починал на Инфективната клиника во Скопје.
Информацијата ја потврдуваат негови блиски како и наши извори од Институтот за јавно здравје кои тврдат дека причината за смртта се компликации од корона вирусот.
Композиторот Љупчо Мирковски на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. ,,За жал, ја изгуби битката. Почивај во мир другарче мое”.
Драган Вучиќ е роден во 1955 година во Скопје. Тој е композитор на „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“, како и на песната „Мake my day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија во 2005 година.
Беше и водител на квизовите „Среќни луѓе“, „Вашите пет минути“, „Возење со Вучиќ“ и „Гурманки муабети“.