„Не е проблем, но има тешка граматика…..Зборовите замрзнувач, всушност и крстопат е речиси невозможно да се изговорат вели Лук Захнер. И за Џин Енрикез граматиката не е баш најлесна.
Од Амбасадата на САД изработија во чест на денешниот Ден на македонскиот јазик – 5 мај изготвија видео и го споделија на својот фејсбук-профил.
Во него дипломатите Џин Енрикез, Лук Захнер и Барбара Модзиерз ги споделуваат нивните гледишта и предизвиците со кои се соочиле во изучувањето и што им се допаѓа.
Захнер вели „македонскиот е многу прецизен јазик во кој за секое најмало дејство има глагол што е фруистрирачки, но исто така покажува дека македонскиот јазик е литературен јазик“.







