Новинарот и водител Мишко Иванов кој вечерва ги интервјуираше лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ на ТВ 24, објави порака што ја добил од Фејсбук корисникот Бобан Петровски. Пораката содржи вулгарности и говор на омраза.
Што да каже човек. Страшно. Овој поздрав ми стаса после двете интервјуа со Мицкоски и Заев. Не дека ќе нѐ исплаши, ама добро е да се види. Од што им ќутиме, мислат дека се плашиме. Ова мора да заврши. – напиша Мишко Иванов на својот Фејсбук профил.
ЦИВИЛ излезе со експресна осуда на овој најнов напад на новинар на социјалните медиуми. „Извонредниот новинар Иванов е во право – ова мора да заврши! Солидарноста и осудата на говорот на омразата во јавноста се исклучително важни за ваквиот начин на комуникација да се обесхрабри и истисне. Институциите имаат законска обврска да преземат законски санкции против говорот на омразата.“ – се вели во реакцијата на организацијата.
„ЦИВИЛ во континуитет ја следи оваа појава и ја изразува својата солидарност со сите жртви на говорот на омразата. Организацијата јавно го осудува ваквиот начин на комуникација во јавноста и на социјалните медиуми и бара од институциитеимаат законска обврска да преземат законски санкции против говорот на омразата“ – се вели во обраќањето на Тимот за комуникации на ЦИВИЛ.