ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Почетокот на преговорите оваа година целосно ќе ги стави во фокус европските интеграции

Претставува голем успех и за Унијата, и за Северна Македонија, да се обезбеди консензус за почеток на преговорите во најсилниот период од кризата поврзана со пандемијата. Дозволете во името на Владата да пренесам благодарност до целата администрација на вашиот Директорат, и секако до вас, за упорноста и личниот ангажман во оваа насока, рече Османи

May 5, 2020 16:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Содржината на Преговарачката рамка, како и содржината на претстојниот Извештај нa Комисијата за напредокот на земјава и соработката меѓу Европската Унија и Северна Македонија во справувањето со пандемијата и нејзините последици, беше во фокусот на разговорот што вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи го оствари преку видео-конференциска врска со директорот на Директоратот за проширување при Европската комисија, Кристијан Даниелсон.

– Претставува голем успех и за Унијата, и за Северна Македонија, да се обезбеди консензус за почеток на преговорите во најсилниот период од кризата поврзана со пандемијата. Дозволете во името на Владата да пренесам благодарност до целата администрација на вашиот Директорат, и секако до вас, за упорноста и личниот ангажман во оваа насока, рече Османи на почетокот од разговорот.

Како што соопшти СЕП, тој изразил задоволство и од остварената соработка со Унијата во справувањето со пандемијата и вклучувањето на земјава во сите активности и политики на Унијата за оваа цел.

– Очекуваме Комисијата да излезе со преговарачката рамка на почетокот од следниот месец, која, пак, заедно со Извештајот, ќе преставуваат објективен и мериторен приказ на состојбите во земјава, како и за потребите на земјата за остварување на суштински напредок кон членство во ЕУ, истакна Османи, притоа ставајќи ги на располагање сите капацитети на земјава за придонес кон остварување на овие цели.

Османи додаде дека амбиција на земјава е оваа година да се одржи и Првата меѓувладина конференција и да го започнеме Билатералниот скрининг, со што, како што рече, Северна Македонија во целосен капацитет ќе се посвети на преговорите со Унијата./MИА/. 

Next Post

Драматична состојба во домовите за стари лица во Англија, илјадници починати

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk