ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Спасовски: Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава

Спасовски истакна дека овa e значаен ден во реалност која е современа, но неспорна: го зборуваме јазикот македонски, со нашата азбука, како официјално писмо. Тој нагласи дека Македонскиот јазик ги помина сите фази на создавањето, на пробивот, на препознавањето, на кодификацијата и на признавањето и дека сега нам ни останува да го чуваме и унапредуваме.

May 5, 2020 10:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски со видео порака упати честитка по повод 5 мај – Ден на македонскиот јазик. Спасовски истакна дека овa e значаен ден во реалност која е современа, но неспорна: го зборуваме јазикот македонски, со нашата азбука, како официјално писмо. Тој нагласи дека Македонскиот јазик ги помина сите фази на создавањето, на пробивот, на препознавањето, на кодификацијата и на признавањето и дека сега нам ни останува да го чуваме и унапредуваме.

– Таа наша обврска има уште поголема важност ако се има предвид улогата на големите дејци, Мисирков и Конески, стакна премиерот Спасовски.

„Нека ни е честит 5 мај – Денот на македонскиот јазик.

Денеска го одбележуваме овој значаен ден во реалност која е современа, но неспорна: го зборуваме јазикот македонски, со нашата азбука, како официјално писмо. Македонскиот јазик ги помина сите фази на создавањето, на пробивот, на препознавањето, на кодификацијата и на признавањето.

Сега нам ни останува да го чуваме и унапредуваме. Таа наша обврска има уште поголема важност ако се има предвид улогата на големите дејци, Мисирков и Конески.

Посебноста на македонскиот јазик е впишана во личната карта на нашата држава, во големото семејство на народи и на земји членки на Обединетите Нации каде што покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик.
Македонскиот јазик се користи слободно, секаде, низ целиот свет.

Овој ден не обврзува уште еднаш да испратиме јасна порака, дека оваа Влада, искрено и силно е посветена да го негува и да го унапредува македонскиот јазик, вечниот паметник на нашето постоење како народ. Токму поради тоа, Владата го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик. Тоа е денот кога во 1945 година, Народната влада на Федерална Македонија го објави решението за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо на нашиот јазик.

Денес, наш приоритет останува поттикнувањето на развојот и афирмацијата на македонскиот јазик како наш постојан влог за неговата иднината, а иднината на нашиот јазик е иднината на нашата татковина.
Нашиот, македонски јазик, самосвеста за неговата закрила, коренот на нашето битие, заштитникот на нашиот идентитет и иднина, е света обврска за сите нас.

Јазикот е жива материја и најочигледно ќе покажеме дека се грижиме за него, преку начинот како го говориме, како го пишуваме, како го читаме македонскиот литературен јазик. Така даваме пример со каков јазик сакаме да раснат младите генерации.
Да го чуваме и унапредуваме, и достојно да му го предаваме на сите генерации после нас“.

J. Ѓ.

 

Next Post

12: Црна кампања против СДСМ, Епидемијата спласнува, Срцка е министерот Чулев!

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk