ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Сугарески: Завршува рехабилитацијата на регионалниот пат Прилеп-Тополчани- Битола

Реализацијата на капиталните инвестиции во делот на изградба и реконструкција на патишта преку Јавното претпријатие за државни патишта, продолжува со интензивна динамика на активностите. Исто како и изградбата на водоводи, канализација, социјални станови, гасификацијата, дел кој се имплементира преку Министерството за транспорт и врски. Можам да констатирам дека и покрај здравствената криза, реализацијата на капиталните инвестиции е на високо и задоволително ниво“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески

May 5, 2020 15:48
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во рехабилитацијата на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола.

„Реализацијата на капиталните инвестиции во делот на изградба и реконструкција на патишта преку Јавното претпријатие за државни патишта, продолжува со интензивна динамика на активностите. Исто како и изградбата на водоводи, канализација, социјални станови, гасификацијата, дел кој се имплементира преку Министерството за транспорт и врски. Можам да констатирам дека и покрај здравствената криза, реализацијата на капиталните инвестиции е на високо и задоволително ниво“, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Сугарески истакна дека рехабилитацијата на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, кој е од исклучително значење за жителите од населените места во Пелагонискиот регион, е во завршна фаза и се очекува дека до крајот на овој месец работите ќе бидат целосно завршени.

„Од она што нè известија изведувачот и надзорот, работите за многу брз временски период треба да завршат. Останува да се постават оградите, така што до крајот на овој месец патот ќе биде целосно завршен. Што се однесува до асфалтирањето на патот Фариш-Дреново во должина од околу 10 километри, очекуваме со поставувањето на вториот слој на асфалт, во следните десетина дена комплетно да биде завршен. Интензивно се работи и на патот од Лагово кон Мариово, финишира гребењето на патот, а до крајот на следниот месец планирано е да заврши и неговото асфалтирање. Гледано од тој аспект, сето она што го разговаравме и договаравме во месец декември, целосно се реализира“, потенцираше министерот Сугарески.

Министерот за транспорт и врски најави дека за скоро ќе биде распишан тендер за изградба на три ленти на патот од Фариш до Прилеп, во должина од 19 километри, обезбедени се средства од ИПА Програмата за проширување на двете ленти. Сугарески рече дека ќе се работи на рехабилитација и реконструкција на повеќе патишта во регионот, меѓу кои и патот до граничниот премин Меџитлија и патниот правец Крушево-Кривогаштани. Паралелно продолжува и гасификацијата, за која министерот напомена дека досега се завршени 87% од работите на кракот Неготино-Кавадарци-Прилеп-Битола.

„Сакам јавно да ја пофалам локалната самоуправа на Општина Прилеп, бидејќи можев да видам дека паралелно со ови активности, интензивно се работи на асфалтирање на улици во повеќе населени места, а се асфалтира и во градот. Очекуваме дека таа динамика ќе продолжи и во следните месеци, со цел да се асфалтираат улици во сите населени места и во сите населби во општина Прилеп“, нагласи министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, потенцираше дека стариот пат Прилеп–Тополчани-Битола според информациите со кои тој располага е изграден во далечната1964/65 година, а оттогаш па се’ досега на него не биле извршени никакви интервенции и санации.

„Рехабилитацијата на патот започна есента, со рок на завршување на градежните работи до август годинава, но успеавме предвреме да ги завршиме предвидените градежни активности. Реконструирани се 15.5 км од патниот правец, во ширина од 6 метри, а на некои завои и до 8 метри. Поставена е банкина, асфалтирањето и сигнализацијата се целосно завршени, а во тек е поставувањето на околу 600 метри еластична ограда, која деновиве ќе биде завршена. Тоа значи дека после неколку децении, за прв пат е рехабилитиран овој патен правец, што е исклучително важно за граѓаните од Прилепскиот регион. На Градежниот факултет веќе се работи проектна задача за автопатот Прилеп-Битола и штом се пушти во употреба новиот автопат, стариот пат ќе биде алтернатива за секакви други потреби на граѓаните“, потенцираше Китанов.

Директорот на ЈП за државни патишта се осврна и на рехабилитацијата на делницата Фариш – Дреново, чија реконструкција во должина од 10 км е во полн ек. Поставен е првиот првиот слој на асфалт, моментално се работи на седумте моста и веднаш потоа се продолжува со асфалтирањето на вториот слој. Според очекувањата на Китанов, градежните работи ќе завршат околу 20 мај.

Министерот Сугарески и директорот Китанов напоменаа дека сите градежни активности кои во моментов се одвиваат во сите региони од државата, се согласно Програмата за работа на Министерството за транспорт и врски и на ЈП за државни патишта.

Next Post

За упис на факултетите со диплома за завршено средно образование во оваа учебна година

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk