КОЛУМНА на Комесарот за проширување Оливер Вархеји: Заедно ќе ја надминеме оваа криза и ќе излеземе посилни: пандемијата со Ковид-19 јасно потврди дека иднината на Западен Балкан е во Европската унија. Направивме важни чекори годинава и покрај пандемијата и треба да продолжиме со уште чекори за вистински обединет европски континент.
НАД 19 илјади компании досега аплицирале за мерката за финансиска поддршка за исплата на платите за месеците април и мај во износ најмногу до 14.500 денари месечно по работник преку која се овозможува континуитетот на работните процеси, се обезбедува основа за редовна исплата на плати и придонеси, при што се создаваат сериозни услови да се сочуваат работните места, соопштија од Владата.
ФРОНТЛАЈН во потрага по народните кујни во време на пандемија.
УСТАВНИОТ суд нема да ја оценува уставноста на првата одлука на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба во државата која беше донесена на 18 март.
ЦАРОВСКА: Засилена соработка меѓу инспекторатите и граѓанските организации за поголема заштита на правата на работниците и граѓаните
ОБЕЗБЕДИВМЕ 90 респиратори. Врз основа на овие податоци Министерството за здравство констатираше дека нема потреба дополнително да набави, затоа што овие обезбедени респиратори ги задоволуваат потребите на здравствениот систем во државата да се справи со овој тек на пандемијата, изјави Османи.
ЕДЕН заразен до Ковид-19 во Општина Кисела Вода, петмина во изолација
ПРОЦЕНТОТ на Русите кои се задоволни од работата на шефот на државата Владимир Путин се намали на досега најниски 59 отсто, објави агенцијата за истражување на јавното мислење Левада Центар.
ПО прашањето околу важењето на уредбите со законска сила, како што посочува министерката за правда Дескоска, се има произнесено и Венецијанската комисија којашто прифаќа дека одредени мерки кои се донесени за време на вонредната состојба можат да имаат правно дејство и по нејзиното завршување.
ИЗГРАДБАТА на експресниот пат Ранковце-Крива Паланка се одвива според планираното, до крајот на месецов се очекува да заврши и обновата на стариот пат на овој потег, а се работи и на реконструкцијата на патот Крива Паланка Деве Баир, каде ќе има проширување со уште една лента, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.
ЕВРОПСКИТЕ социјалисти и демократи ја поддржуваат европската перспектива на Западен Балкан пред самитот ЕУ-Западен Балкан
НАЈМАЛКУ 122 милиони Индијци во април ги изгубија работните места поради мерките воведени за сузбивање на епидемијата на Ковид-19.