ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Европските социјалисти и демократи ја поддржуваат европската перспектива на Западен Балкан

May 6, 2020 16:17
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Европските социјалисти и демократи ја поддржуваат европската перспектива на Западен Балкан пред самитот ЕУ-Западен Балкан, јави дописникот на МИА.

-Постојано ја поддржувавме европска иднина на Западен Балкан. Нашето семејство (Европската партија на социјалистите и демократите) помогна да се постават темелите за пристапни преговори за Северна Македонија, а ги поддржувавме и другите наши сестрински партии во Западен Балкан, истакна Сергеј Станишев, претседател на партијата.

Станишев ова го напиша на „Твитер“, по средбата на високо ниво за Западен Балкан во организација на Партијата на европските социјалисти и групата С & Д. Меѓу учесниците на видео конференцијата беа и претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, високиот претставник за надворешна и безбедносна политика Јозеп Борел, европратениците Тања Фајон и Тонино Пицула, премиерите на Косово и Албанија, Албин Курти и Еди Рама, поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев и лидерите на опозицијата од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

– ЕУ останува најголемиот и најсигурен поддржувач на нашите партнери од Западен Балкан, обезбедувајќи неопходна поддршка за непосредни потреби и долгорочно закрепнување во текот на пандемијата со Ковид-19. Ние можеме само да ја надминеме оваа криза заедно и ако нашите соседи исто така ја надминат, порача Жозеп Борел.

Претседателот на ЕП, Сасоли од своја страна  ја повтори заложбата на Европскиот парламент за Западен Балкан и неговата волја за зајакнување на соработката со парламентите во регионот.

-Проширувањето на ЕУ сè уште е важно! Тоа му дава можност на ЕУ да поддржи важни реформи во земјите-кандидатки, истовремено преземајќи водечка улога во регионот за промовирање на мирот, демократијата, праведноста и просперитетот, рече Тонино Пицула, специјалниот известувач на ЕП за Западен Балкан. 

Next Post

Само во април, 122 милиони Индијци останаа без работните места

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот

Британската МИ6 најмоќна надворешна разузнавачка служба во Европа, следна е француската

August 5, 2026

Зделка без тендер или донација во криза? СДСМ и ВМРО во партиска пресметка за набавката на вода од компанијата на градоначалникот на Кавадарци

August 5, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Жерновски удри по Мицкоски за навредите кон граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ возврати дека токму Жерновски живее на државна сметка

August 4, 2026

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија – повторно зборува за „талог“!

August 4, 2026

Министерство за здравство: Доењето е инвестиција во здравјето, потребна е поддршка од целата заедница

August 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk