НИКОЛА Димитров – Со нашата политика се трудиме да создадеме атмосфера каде ќе биде тешко да не се каже „да“ на нашата приказна, на македонската европска приказна.
ПЕТРИТ Сарачини – Лудаците ќе тропнат и на вашата врата. Шуќур, гледам се огласија и медиумските организации. Белким им текна дека молкот и селективното огласување за ова насилство не е спас.
МАРЈАН Забрчанец, Национален координатор за комуникации – Колкава е разликата меѓу лагите на Мицкоски и фактите и вистината?
КО-ОСНОВАЧОТ на Крафтверк, Флоријан Шнајдер, почина на 73-годишна возраст.
БРЗИОТ имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата „Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, туку е кинески и е препакуван во Холандија и нуден како европски, а дополнително тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично „ѓубре”, открива ИРЛ.
ПРЕМИЕРОТ Оливер Спасовски, на партнерите од ЕУ на Самитот на ЕУ за Западен Балкан Загреб 2020, ќе им порача дека Северна Македонија е подготвена заедно со Европската Комисија и Европскиот Совет да ја закаже првата меѓувладина конференција за да се отпочне преговарачкиот процес согласно новата методологија.
НАЈМАЛКУ 90.000 здравствени работници во светот се заразени со Ковид-19, соопшти денеска Меѓународниот совет на медицински сестри (ИЦН).
СТЕЈТ ДЕПАРТМЕНТ – Русија и Кина ги ревидираат наративите поврзани со Ковид-19, вршат дезинформации во време на здравствена криза како тоа дека заразата е биолошко оружје, или средство за контрола на популацијата, додека нивните платформи и ботови се мегафони за пропаганда дека тие две земји се лидери на обновата после пандемијата.
ХИДРОСИСТЕМОТ „Стрежево“ со инвестиција од 20 милиони денари во цевководната мрежа.
ДОЖИВОТНА казна затвор доби обвинетата Б.П. од Дебар која на 26 август 2018 година во семејната куќа ги уби родителите и малолетната сестра.
Ј. Ѓорѓиоски