ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СКАНДАЛИ

ИРЛ: Лажно декларирани холандски тестови за Ковид-19 од Кина, завршиле и во „Систина“

Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата „Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, туку е кинески и е препакуван во Холандија и нуден како европски, а дополнително тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично „ѓубре”, открива ИРЛ

May 6, 2020 18:48
in ДЕНЕС, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Брзиот имонулошки тест којшто во Македонија се нудеше во болницата „Систина”, не е од холандски производител како што се тврдеше, туку е кинески и е препакуван во Холандија и нуден како европски, а дополнително тестот за кој се тврдеше дека е 92,9 проценти прецизен, според експертите е обично „ѓубре”, открива ИРЛ.

ИРЛ открива дека 50.000 тестови на Биозек биле увезени во Северна Македонија, според царинските записи, додека првите 500 брендирани тестови Биозек пристигнале во средината на март во болницата „Аџибадем Систина“ за осум евра од тест.

– Тимот репортери откри далеку поголеми проблеми на глобално ниво со овој тест. Тестот е кинески и не е прецизен, препакуван е во Холандија и нуден како европски. Oткриваме најмалку три брендови кои продавале тестови направени од кинески производител со европски и американски етикети. Тестовите се продадени на властите, здравствените институции и клиниките во земји, вклучувајќи ги Франција, Велика Британија, Индонезија и Русија. Да се ​​купат и да се овозможат тестови како ова е легално. Меѓутоа, залажување на граѓаните за нивното вистинско потекло и за перформансите на тестот, сепак не е, пишува ИРЛ во анализата „Несигурни дијагнози: Како лажно декларирани холандски тестови за КОВИД од Кина завршија во Македонија, САД и земјите на ЕУ“.

Во анализата ИРЛ споделува пример со македонскиот државјанин Роџер Зекировски, кој добил негативен резултат на ваков тест направен во приватна клиника за само 20 евра, додека три дена подоцна починал, а официјалните резултати од постмортниот тест покажале дека тој бил заразен со САРС-КoВ-2 , вирусот кој го предизвикува КОВИД-19. Со ваквиот лажниот негативен тест тој ги изложил на ризик своето семејство и најблиските со кои бил во контакт откако го добил лажниот „негативен тест“.

– Брзиот тест никогаш не ни требало да се понуди како алатка за дијагностицирање и ниту рекламирањето било точно. Тестот – продаден од холандската компанија Инзек Интернешнал Трејдин под брендот Биозек – беше еден од најмалку три брендови на брзи тестови за корона вирусот издаден од европски и американски производители, кои всушност се ре-брендирани од популарен кинески тест. Тестот произведен од Хангзоу Аллтест Биотех Цо. Лтд, во неколку независни испитувања се покажал помалку точен отколку што се тврди. Сепак, милиони тестови се продаваат низ целиот свет. Честопати се продаваат и промовираат како квалитетен европски производ, во имплицитен контраст со помалку престижните кинески произведувачи. Купување и ребрендирање на вакви тестови е легално и во Соединетите Американски Држави и во земјите на Европската Унија. Сепак, неточно информирање на потрошувачите и пациентите, е нелегално, се вели во анализата на ИРЛ.

Истражувањето е во соработка помеѓу ИРЛ Македонија, ИПРИ Италија, МулИпри Медиа, Бивол Бугарија, Крик Србија. Инвестико Холандија, Важни стории Русија и Темпо Индонезија.

Next Post

Ко-основачот на Крафтверк, Флоријан Шнајдер, почина на 73-годишна возраст

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk