Ко-основачот на Крафтверк, Флоријан Шнајдер, почина на 73-годишна возраст.
Француската веб-страница Ouest France наведува дека семејството на Шнајдер ја потврдила веста.
Билборд известува дека ко-основачот на Крафтверк, Ралф Хатер, ја потврдил тажната вест дека неговиот пријател и придружник во текот на многу децении – Флоријан Шнајдер, починал по кратко боледување од карцином, само неколку дена по неговиот 73-ти роденден
Формирајќи го германскиот бенд заедно со Хатер во 1970 година, Шнајдер е еден од пионерите кои придонесле за појавата на електронската музика во светот.
Музичарот, кој свирел синтисајзер, флејта, саксофон и други инструменти, останал во групата до 2008 година, кога ја напуштил групата пред нивната светска турнеја, не давајќи причина за негово заминување.
Ј. Ѓ.