Деновиве уште еднаш го гледаме „резултатот“ на неказнивоста и молкот кон насилството, омразата и дисредитирањето на десетици новинари и граѓански активисти, кои траат со години, а се организирани и спроведувани од лабораторијата за производство на лудило, омраза и насилство сместена во шампитата платена милиони „донирани“ народни пари.
Насилниците се охрабрени до толку, што пуштаат директни пораки во инбокс, со секакви напади. Повеќе новинари деновиве добија такви пораки, со гадости и закани од најдолен вид.
Шуќур, гледам се огласија и медиумските организации. Белким им текна дека молкот и селективното огласување за ова насилство не е спас, и дека, како велеше оној германскиот бискуп, ќе дојде моментот кога лудаците ќе тропнат и на нивна врата!
Фејсбук пост на Петрит Сарачини.