СДСМ: Здравјето на граѓаните и мерките против ширење на корона вирусот се приоритет, но приоритет на Владата предводена од СДСМ во оваа тешка криза се и мерките за поддршка на економијата, за кои постои голем интерес кај компаниите.
По ПОВОД 7 мај, Денот на полицијата, честитка пропратена со видео упати премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил: Оваа година 7 мај – Денот на полицијата и безбедноста го одбележуваме во вонредна состојба заради здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Зоран Заев, со статус на Фејсбук упати честитка по повод Денот на полицијата: Нека е честит 7ми мај – Денот на македонската полиција!
ТАВ Македонија се подготвува за отворање на аеродpoмите во државава, во исчекување на точен датум и одлука од надлежните институции, кои пак се во координација со меѓународните воздухопловни власти каде се во тек активности за наоѓање најсоодветни унифицирани решенија за одвивањето на авионскиот превоз на патници.
АНГЕЛОВСКА-Бежоска: Првичните податоци покажуваат дека апелот на Народната банка за безготовинско плаќање и за користење на платежните картички и на услугите за електронско и мобилно банкарство е добро прифатен од граѓаните.
ФРОНТ: Сашо Ордановски: Под чија заштита се палат автомобили во Штип?
ГЕНЕРАЛНИОТ секретар на Социјалдемократскиот сојуз, Љупчо Николовски со сопругата Андријана, одлучија дел од средствата кои биле свадбен подарок да ги наменат како донација за Детската клиника во Скопје.
ВО изминатите 24 часа на ниво на целата држава 40 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 29 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.
СРПСКАТА Вицепремиерка, Зорана Михајловиќ, оцени денес дека со укинувањето на вонредната состојба и забраната за слобода на движење заврши првата, најтешка фаза од борбата против ширењето на корона вирусот.
ДРЖАВИТЕ членки во Европската Унија, поддржани од Европската Комисија објавија официјален документ во кои се наведени предностите и клучната важност од користењето на апликации за следење на контактите на лицата позитивни на коронавирусот, со цел навремено детектирање на потенцијално новите заразени лица, рано тестирање и спречување на ширење на вирусот.
А. Н. Стојчевски