ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Спасовски за Денот на полицијата: Постигнавме многу, за тоа најдобро сведочат домашните и меѓународни анализи

Овој успех е резултат и на воспоставената силна институционална свест и структура како брана против сите тенденции на корумпирање на безбедноста и против ставање на полицијата во функција на злоупотребата и незаконито работење, како што беше до пред три години.

May 7, 2020 09:36
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 7 мај, Денот на полицијата, честитка пропратена со видео упати премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Оваа година 7 мај – Денот на полицијата и безбедноста го одбележуваме во вонредна состојба заради здравствено-економската криза предизвикана од корона вирусот.

Улогата на полицијата во спроведување на одлуките и мерките на владината стратегија за запирање на ширењето на вирусот, е огромна и од исклучителна важност. Посебно охрабрува дека навистина сме ги донеле правилните одлуки, за што деновиве говорат и бројките на намалени случаи на заболени.

Особено сум горд што ова е успех и на воспоставените норми и концепт за Јавниот мир и безбедноста, како гаранција за заштита на човековите права и слободи.

Овој успех е резултат и на воспоставената силна институционална свест и структура како брана против сите тенденции на корумпирање на безбедноста и против ставање на полицијата во функција на злоупотребата и незаконито работење, како што беше до пред три години.

Во таа насока, еден сериозен и значаен дел од енергијата и мерките од реформите беа посветени примарно на генералното подобрување на материјално техничките услови за работа токму на оние од кои што зависи спроведувањето на правото и законите – а тоа е полицијата.

Во нивното реализирање се водевме од фактите дека интегритетот, опременоста и статусот на полицискиот службеник се императив без кој што е невозможно спроведување на каква било системска реформа во тој домен.

Дека постигнавме многу, најдобро сведочат домашните и меѓународните анализи и истражувања кои потврдуваат дека Република Северна Македонија воспоставува професионална и стручна полициска служба која што е определена да биде реален и доверлив сервис на граѓаните.

Затоа со право веруваме дека во наредниот период, ќе продолжиме да ги јакнеме севкупните капацитети на Министерството за внатрешни работи, за уште подобри резултати во работењето на сите организациони единици.

Нека ни е честит 7 мај – Денот на македонската полиција, напиша на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.

Next Post

Под чија заштита се палат автомобили во Штип?

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk