ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Искуства на медицински работници од САД: Никогаш нема да бидам тоа што бев порано

Траумата низ која поминуваат здравствените работнци кои се на првата линија во борбата со пандемијата од Ковид-19, е слична на онаа на војници кои се враќаат од воени фронтови, велат експерти за ментално здравје.

May 8, 2020 21:59
in ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ен Месман, докторка во ургентен центар во Детроит, САД, вели дека знаела дека нешто не е во ред кога приметила дека развива несоница и нетрпение кон луѓето кои ги сака, вели таа во интервју за Ројтерс.

Ен, кон крајот на март приметила дека страда од несоница, кога само во една смена од 9 часа, од Ковид-19 починале 7 пациенти. Не верувала дека тој драматичен ден на работа може да влијае на неа, со оглед на тоа што како вработена во итната служба секојдневно се соочувала со смртни случаи.

Можеби фактот што требала телефонски да им ги соопштува тажните вести на фамилиите на починатите, бидејќи најстрого е забрането присуство на блиски на пациентите во болнците, придонел до покачувањето на стресот.

Ен помислила дека и несоницата е последица на постојаните грижи за сопственото здравје заради опаднатиот имунитет, или опасноста да им го пренесе вирусот на нејзините две деца на 8 и 9 годишна возраст.

Во медиумите, исто така, се појавиле и фотографии од пациенти кои ја изгубиле битката со корона вирусот, и тоа токму од болницата каде што таа работи, па таа помислила дека можеби роднините на починатите ќе ги видат фотографиите и ќе се загрижат што нивните сакани се во ист „куп“ со туѓинци.

„Мислам дека тоа ми беше повознемирувачко и од самата смрт“, вели Месман во интервјуто.

Траумата низ која поминуваат здравствените работнци кои се на првата линија во борбата со пандемијата од Ковид-19, е слична на онаа на војници кои се враќаат од воени фронтови, велат експерти за ментално здравје.

Агенцијата Ројтерс интервјуирала 8 доктори и 8 медицински сестри кои потврдиле дека или тие самите, или нивни колеги поминувале низ комбинации од напади на паника, жалење, моментална блокада и отсутност, раздразнетост, несоница и ноќни мори скоро 2 месеци.

Психијатрите во Маунт Синај болницата во Њујорк предвидуваат дека 25 – 40% од здравствените работници во САД може да стекнат пострауматично стрес нарушување како резултат на нивното активно учество во спречување на пандемијата.

 

А. Н. Стојчевски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЈСП: Автобусите за викендот ќе возат во 2 смени

НАЈНОВО

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу во КИЦ

October 6, 2025

Разговор со Румена Бужаровска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

October 6, 2025

Аеродромот во Осло привремено ги прекина слетувањата поради забележани дронови

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk