ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Пендаровски телефонски разговарал со верските лидери да не поттикнуваат собири во време на пандемија

Како претседател на сите граѓани им укажав на верските лидери дека од нив очекувам како и досега да повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на верските празници, како и да го осудат секое однесување спротивно на мерките пропишани од државните органи, се вели во изјавата.

May 8, 2020 16:30
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски преку писмена изјава соопшти дека денеска телефонски разговарал со поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Митрополит Скопски, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г. Стефан, како и со поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис Ул Улема хаџи Сулејман ефенди Реџепи. На двајцата лидери им ги пренел ставовите и загриженоста во врска со вчерашните случувања во Струга, како и за најавата на ИВЗ дека ќе ги отворат верските објекти на 12 мај.

– Како претседател на сите граѓани им укажав на верските лидери дека од нив очекувам како и досега да повикаат на одговорно однесување на граѓаните за време на верските празници, како и да го осудат секое однесување спротивно на мерките пропишани од државните органи, се вели во изјавата.

Според Пендаровски една од клучните работи што ни ги покажа пандемијата со Ковид-19 е дека без разлика на која заедница припаѓаме, сите еднакво сме под ударот на корона вирусот.

– Мерките кои се воведени за заштита од пандемијата, не забрануваат на ниту еден граѓанин да ја практикува својата религија. Но, она што мораше да се ограничи и уште е ограничено, се масовните собирања по повод кој било верски празник, како и верски обичаи, се наведува во изјавата.

Претседателот ги повикува надлежните институции да постапуваат соодветно, во рамки на одговорностите кои ги имаат за одржување на стабилноста.

– На сила е вонредна состојба, пандемијата на Ковид-19 уште трае, а здравствените работници неуморно и со натчовечки напори секојдневно се ангажирани за лекување на нашите сограѓани кои се заразени. Вложивме многу за да ги избегнеме негативните последици со кои се соочија многу земји каде што имаше голем број на жртви и кои доведоа до затворање на храмови и светилишта како во христијанскиот, така и во муслиманскиот свет, вели Пендаровски.

Во интерес на сите граѓани, а со цел што поскоро надминување на состојбите тој побарал од поглаварот и од реисот да делуваат превентивно и да не ги поттикнуваат собирите на големи групи верници.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повеќе од 20 земји во заедничко соопштение повикаа на итен прекин на војната во Газа

July 21, 2025

Мајкрософт издаде итна исправка и предупредување до корисниците за хакерски напади врз софтвер

July 21, 2025

Алиу: Во Клиничката болница во Тетово 155 медицински сестри ќе потпишат договори за вработување на неопределено време

July 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ССМ: Синдикална минимална кошница за јули изнесува 65.328 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk