Во изминатите 24 часа во Грција починаа две лица од Ковид-19, а регистрирани се 13 нови случаи, соопшти попладнево шефот на експертската комисија за новиот коронавирус, Сотирис Циодрас на редовната прес конференција, јавуваат од МИА.
Според новите податоци, од почетокот на епидемијата вкупниот број на случаи се зголемил на 2.691, од кои активни се 1.167 случаи, а починале вкупно 150 лица.
Приклучени на апарати, се лекуваат 32 лица, 85 биле отпуштени од Одделите за интензивна нега, а оздравеле 1.347 заразени.
Досега во Грција тестирани се 94.291 лица.