На тековна седница на Владата се донесе одлука за форматот на мерките за престојниот викенд, премиерот Спасовски со пост на Фејсбук ги соопшти измените на полицискиот час.
На тековната седница на Влада донесовме одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.
Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 05 часот до 19 часот.
Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05 до 12 часот, се вели во статусот на премиерот Спасовски на Фејсбук.
А. Н. С.