ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

15: Нови 36 заболени од Ковид-19, Мицкоски да се пријави во Шутка поради новите докази, познато чиј е женскиот глас на аудио снимките

Вести во 15 часот.

May 9, 2020 14:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Ковид-19 : 36 новодијагностицирани, 13 оздравени, активни 419 случаи. Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19.

Спасовски за „Диво Насеље“- Нарачателите имаа подмолна намера, присебноста на граѓаните не им дозволи да ја остварат. Денеска навршуваат 5 години од „Диво насеље“. Два дена Куманово и целата земја, во страв и неизвесност, го исчекуваа епилогот од вооружената пресметка во која животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ. Слава им!– напиша Спасовски.

Костадинов: Мицкоски да се пријави во Шутка откако излегоа докази дека соработувал со Кичеец.

Спасовски: Оставката од Чулев морален чин, непочитување одлуки и неактивирање на полицијата бара одговорност. Побарвме и да се отвори постапка и во делот на организација на настанот во МВР, рече премиерот денеска одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето  пред Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата на Република Северна Македонија, а по повод 9 Мај.

Димитров: Одлуката за отворање на границите зависи од тоа што ќе се случува со епидемијата. Одлуката за отворање на границите зависи пред се од два фактори – прво што се случува дома, завчера имавме нови 33 заразени, вчера имаше пад. Значи многу ќе зависи што ќе се случува дома и тоа ќе влијае врз нашата одлука за отворање на границите. Второ во моментот кога ќе се отворат границите влегуваме во фаза во која сите мерки досега се затвораат, влегуваме во нова фаза, бидејќи имаме константен прилив, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Слободанка Алексовска е женcкото лице чиј глас се слуша во објавените аудиоcнимки меѓу Мицкоски и Кичеец.

 

Нејзин сопруг е Оливер Алексовски – поранашен началник на Шестата управа при МВР, кој на 24 декември 2012 дал наредба пратениците да се исфpлат од Собранието.

Спасовски: Избори ќе има, прашање е кога, одлуката за датумот детерминирана од здравствената криза.

ИВЗ да ја преиспита одлуката за отворање на верските објекти, МПЦ да се однесува сериозно, апелира Спасовски. Апелирам да си ја преиспитаат сопствената одлука  во делот на отворањето на верските објекти, меѓутоа исто така укажувам и МПЦ  да се однесува сериозно заради тоа што  направи низа на пропусти во  изминатиот период, изјави Оливер Спасовски во одговор на новинарско прашање.

Османи: Петнаесет нови случаи во Тетово е знак дека уште е потребна внимателност.

Филипче: ЕУ е изградена врз принципот на солидарност и е наш најголем поддржувач во оваа битка.

 

Истражување: Жените во време на пандемијата, страв или предизвик, борба или пораз?

(ВИДЕО) „Свирете ја Зајди, зајди“ како последен поздрав за Драган Вучиќ.

Пејачката Олгица Христовска која ја отпеа легендарната „Свирете ја Зајди, зајди“ на Драган Вучиќ,  заедно со група музичари предводени од диригентот Љупчо Мирковски се збогуваа со својот пријател кој почина пред неколку денови поради компликации од корона вирус.  Песната низ годините стана евергрин.

(Расказ) Големиот циркус на малите кловнови. Прочитајте ја најновата колумна (битова, биографска) на Јане Ѓорѓиоски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Петровска им оддаде почит на загинатите херои во Куманово

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk