ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Истражување: Жените во време на пандемијата, страв или предизвик, борба или пораз?

Дури 71% од испитаничките одговориле дека се чувствуваат добро и немаат потреба од посета на доктор, но има и такви на кои посетата на доктор во дадениот период им била неопходна 9,7%. Стравот од посета на доктор во овој период спречила 9,3% од нив да ја реализираат оваа потреба.

May 9, 2020 11:19
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, МОЗАИК
Share on FacebookShare on Twitter

Како влијае пандемијата врз животот на жените и девојките? Кои се нивните потреби, обврски, навики и каков е нивниот животен стил? Со какви проблеми и предизвици тие се соочуваат откако се рашири вирусната епидемија КОВИД-19? Ова се дел од прашањата кои Граѓанскиот концепт НЕКСУС ги одговара во истражувањето на овие состојби во периодот од 29 април до 1 мај. Во анкетата се опфатени вкупно 1790 жени и девојки.

Дури 71% од испитаничките одговориле дека се чувствуваат добро и немаат потреба од посета на доктор, но има и такви на кои посетата на доктор во дадениот период им била неопходна 9,7%. Стравот од посета на доктор во овој период спречила 9,3% од нив да ја реализираат оваа потреба.

Во однос на расположението 35,6% од испитаничките одговориле дека понекогаш се чувствуваат тажни и дефокусирани, но набргу наоѓаат начин како да се справат со оваа состојба. За разлика од нив 33,4% од испитаничките изјавиле дека уживаат во домашната изолација, а на 16,5% не многу често им се менува расположението и единствено нешто од што стравуваат е вирусот. Изолацијата за 7,2% од вкупниот број на испитанички претставува притисок, од причина што велат дека од нив се очекува да направат се во одреден рок, а притоа немаат никакво разбирање или поддршка од околината. Со сличен процент 7,6% од жените чувствуваат голем страв, анксиозност и психолошко растројство.

На прашањето дали е зголемено семејното насилство во домот за време на пандемијата, и особено за време на полицискиот час, исклучително висок процент односно 82,3% велат дека нема семејно насилство и дека ситуацијата ги зближила уште повеќе, 17% од испитаничките велат дека не многу често, но сепак се јавуваат кавги кои водат кон деструктивно однесување. Додека само 0,5% одговориле дека и претходно имале несогласувања но сега преминуваат во насилство. За 0,2% од вкупниот број на испитанички станало секојдневна појава во овој период.

Во однос на економската активност на жените и девојките и нивната работа, на прашањето дали им недостасува редовната работа 25,8% од испитаничките и во овие услови одат редовно на работа, додека пак 19,4% не се во работен однос. Работата им недостасува на 9,7%, а на 11% не им недостасува премногу. На 4,5% од испитаничките воопшто не им недостасува работата која и онака им претставувала голем стрес.

Истражувањето на НЕКСУС опфаќа и други аспекти како грижа и нега за себе, безбедност, физичка активност, исхрана и здравје.

Next Post

(ВИДЕО) „Свирете ја Зајди, зајди“ како последен поздрав за Драган Вучиќ

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk