КОВИД -19 Во Берово е регистриран првиот случај со Ковид-19, информираше денеска градоначалникот Звонко Пекевски, кој истакна дека надлежните служби ги преземаат сите мерки, со цел да не се дозволи натамошно ширење на вирусот во градот.
Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести одлучија да препорачаат до Владата сите досега донесени мерки да останат во сила. Трендот на нови случаи со Ковид-19 во следните два дена, како што се посочува, ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.
Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска им оддаде почит на вечните почивалишта на загинатите полицајци кои загинаа пред пет години во Куманово.
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, на Фејсбук побара извинување од ТВ Алфа за ширење лажни вести и манипулации. Во вестите на Тв Алфа веста беше пренесена како: Бочварски со дваесеттина млади без маски и дистанца го честиташе 9 мај.
Пратеникот од единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, како член на парламентарната комисија за европски интеграции, на онлајн седницата со Комесарот за заштита од дискриминации поставил неколку барања кои го засегаат македонското и другите малцинства.
СДСМ, Штип: ВМРО-ДПМНЕ одобрувале злоупотреба на народни пари за подмирување астрономски телефонски сметки
„И покрај кризата со корона вирусот, успеавме да го вратиме проширувањето на вистинскиот пат со нашата ревидирана методологија, што доведе до отворање на пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија“, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји во виде пораката по повод Денот на Европа.
„Македонија како Швајцарија“, за Честит денот на Европа и секој ден на Европската Унија!, пишува Ариан Мехмети.