„Најостро реагирам на лажната пропаганда која е пласирана на телевизија Алфа со цел ширење лаги и манипулација на граѓаните. Запрепастува како се осмелиле да употребат фотографија за која јасно стои во описот дека е од настан кој се случи пред две години, во 2018 година, а којшто тогаш беше медиумски покриен од сите национални медиуми, настан на кој присуствуваше тогашниот Претседател на Владата Зоран Заев и високи претставници на Европската Унија, како и многу амбасадори од европските земји.
Очекувам од ТВ Алфа во сите останати изданија на нивните вести во текот на денов да се извинат за ширењето на оваа лажна вест. Време е да се стави крај на ширењето лажни вести“, напиша штипскиот градоначалник Благој Бочварски на Фејсбук илустрирајќи со скриншот од вестите на Тв Алфа: Бочварски со дваесеттина млади без маски и дистанца го честиташе 9 мај.
https://www.facebook.com/bocvarski/posts/10215657902192189