ИЗБОРИ ќе има, терминот е неизвесен, а партиските лидери за нивното одржување ќе решаваат на лидерската средба што ќе се одржи во вторник кај претседателот Стево Пендаровски. Одлуката за датумот на изборите ќе треба да се донесе врз основа на стручните анализи на Комисијата за заразни болести.
ТРЕНДОТ на нови случаи со Ковид-19 во следните два дена ќе биде разгледуван на состанокот на Комисијата за заразни болести во понеделник, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата за понатамошно постапување во однос на мерките.
Со ВЧЕРА објавените состојби од Институтот за јавно здравје, 12 новопотврдени случаи во Тетово и вкупна бројка од 108 дијагностицирани и 52 активни случаи, тој град е новото жариште во корона вирусот.
ЗАЕВ со саркастичен Фејсбук пост: Ацко Поповски, шефот на ПР на СДСМ или Марјан Забрчанец, шефот на ПР на Владата, […] Нема кој друг да е мотивиран да пушти вакви разговори во јавност. Тие се задолжени и тие најмногу работат за афирмација на нашите политики и ставови.
ВРЕМЕТО ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.
СООБРАЌАЈОТ на државните патишта се одвива по суви коловози.
А. Н. Стојчевски