ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

На лидерската средба кај Пендаровски закажана за вторник, ќе се решава за престојните избори

Министерот за здравство, Венко Филипче вели дека во однос на изборите ќе останат внимателни за тоа што ќе препорачаат здравствените експерти следната недела. Препораката ќе се темели врз основа на бројките на пациентите и анализа на случаите.

May 10, 2020 07:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Избори ќе има, терминот е неизвесен, а партиските лидери за нивното одржување ќе решаваат на лидерската средба што ќе се одржи во вторник кај претседателот Стево Пендаровски.

Одлуката за датумот на изборите ќе треба да се донесе врз основа на стручните анализи на Комисијата за заразни болести.

Премиерот Оливер Спасовски, вчера соопшти дека одлуката за изборите пред се ќе се базира на интересите на државата и на граѓаните притоа оставајќи ги на страна сите политички интереси што ги имаат и ќе биде детерминирана од развојот на здравствената криза. Тој очекува на лидерската средба да се постигне договор во однос на одржувањето на изборите.

Според Спасовски, изборите е неопходно да се одржат што е можно поскоро.

– Не знам дали е идеално време јуни за да се одржат парламентарните избори, но заради најавите дека е можно да се врати оваа криза уште еднаш после септември, мислам дека е неопходно да се одржат што е можно побрзо, имајќи предвид дека на државата и се потребни функционални институции што ќе можат да носат одлуки за сите прашања кои се во интерес на граѓаните, посочи Спасовски.

Министерот за здравство Венко Филипче, пак, вели дека во однос на изборите ќе останат внимателни за тоа што ќе препорачаат здравствените експерти следната недела. Препораката ќе се темели врз основа на бројките на пациентите и анализа на случаите.

За лидерот на СДСМ Зоран Заев нема да има посоодветен период за избори од јуни годинава. Сепак, услов е кризата со коронавирусот да биде целосно одмината. Изборите, според него, треба да се одржат поскоро и поради фактот што немаме Парламент, и имаме техничка, а не политичка Влада.

ВМРО-ДПМНЕ, пак, останува на ставот дека во моментот изборите не се прв приоритет на партијата. Најважно е здравјето на граѓаните. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски рече дека ќе излезат со коментар по самата лидерска средба откако ќе ги воочат проценките на Советот за безбедност и каков ќе биде ставот на претседателот Стево Пендаровски.
На лидерската средба кај шефот на државата во вторник поканети се лидерите на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ, на ДУИ, на ДПА, на БЕСА и на Алијансата на Албанците. Поканет е и претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој смета дека по завршувањето на вонредната состојба, ДИК веднаш треба да почне со подготовка на изборите./МИА/
Next Post

Пораст на бројот на заболени во Тетово, апели за одговорно однесување до МПЦ и ИВЗ

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk