ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Шпигел: Си Џинпинг барал од директорот на СЗО да го одложи глобалното предупредување, изгубени се 4 до 6 недели во борбата со Ковид-19

Германски Шпигел ги објави обвинувањата овој викенд повикувајќи се на разузнавачки податоци на сојузните разузнавачки служби на земјата, познати како „Bundesnachrichtendienst“ (БНД)

May 10, 2020 21:30
in ДЕНЕС, СВЕТ, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Нов извештај тврди дека кинескиот претседател Си Џинпинг лично барал од генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом да го „одложи глобалното предупредување“ за заканата на Ковид-19 за време на разговор во јануари.

Германски Шпигел ги објави обвинувањата овој викенд повикувајќи се на разузнавачки податоци на сојузните разузнавачки служби на земјата, познати како „Bundesnachrichtendienst“ (БНД), пренесува Слободен печат.

– Кинескиот лидер Си Џинпинг на 21 јануари бараше од шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус да ги задржи информациите за преносот од човек на човек и да го одложи предупредувањето за пандемијата, наведува БНД.

БНД проценува дека кинеската информациона политика довела до тоа светот да изгуби четири до шест недели во борба против коронавирусот.

СЗО набргу објави изјава по објавувањето на шокантните тврдења, нарекувајќи ги „неосновани и невистинити“.

„Д-р Тедрос и претседателот Си не разговарале на 21 јануари и никогаш не разговарале преку телефон. Такви невистинити извештаи ги одвраќаат и намалуваат напорите на СЗО и светот да ја завршат пандемијата на Ковид-19. Кина на 20 јануари (пред наводниот телефонски разговор) го потврди пренесувањето на коронавирусот од човек на човек. СЗО на 22 јануари јавно прогласи дека „собраните податоци сугерираат дека преносот од човек на човек се одвива во Вухан“, наведуваат од СЗО.

Ако тврдењата на германските разузнавачи се вистинити, тоа би ги зајакнало тврдењата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека СЗО е „Кино-центрична“. Уште во април администрацијата на Трамп тврдеше дека СЗО станува оружје на „кинеска пропаганда“, а претседателот на САД повика за стопирање на финансирањето на организацијата. Минатата недела, Трамп покрена нов напад врз таа организација.

– СЗО е катастрофална, ништо од тоа што рекоа не беше точно и тие се Кино-центрични, изјави тој за „Фокс њуз“.

Односите меѓу Вашингтон и СЗО се влошија за време на целата криза откако Трамп постојано ги обвинуваше дека се поврзани со Кина и дека заедно со Пекинг ја извртиле вистината за пандемијата.

Претходно американските функционери изнесоа обвинувања против Кина во кои тврдеа дека намерно чекала за објавување на податоци за коронавирусот.

Разузнавачкиот извештај на американското Министерство за внатрешна безбедност, во кој увид имаа и АП, тврди дека Кина го криела обемот на епидемија на коронавирусот и колку е заразна болеста, за да си обезбеди медицински залихи.

 

Next Post

Сончево со мала локална облачност

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk