ТРЕНДОТ на нови случаи со Ковид-19, чиј број вчера изнесуваше 20, а завчера 36, ќе биде разгледуван денеска на состанок на Комисијата за заразни болести, по што ќе бидат дадени нови препораки до Владата и според тоа, ќе се знае дали ќе има нивно олеснување.
Се ПОДГОТВУВА нов сет мерки за реконструирање и заживување на македонската економија и надминување на последиците од корона вирусот. Третиот пакет мерки, според најавите од Владата, ќе понуди директна поддршка и помош за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка.
ЗЕМЈОТРЕС со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала утрово, во 5 часот и 9 минути, е почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината.
ФРОНТ: Бранко Тричковски: Тепих бомби.
ПОСЛЕДЕН концерт „Култура во време на корона“ – Суперхикс.
ТУРЦИЈА воспоставува посебни хигиенски мерки за да се подготви за враќање на туристите, изјави турскиот министер за култура и туризам Мехмет Есрој за Си Ен Ен Турк.
НОВ извештај тврди дека кинескиот претседател Си Џинпинг лично барал од генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом да го „одложи глобалното предупредување“ за заканата на Ковид-19 за време на разговор во јануари.
ВО светот со новиот корона вирус досега се заразиле 4.156,688 лица. Од нив починале 282,824, а оздравеле 1,467,326.
ВРЕМЕТО ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од југоисточен правец.
А. Н. Стојчевски