ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Денес 64 оздравени и 22 нови случаи на Ковид-19, Фронтлајн побара потврда од МВР за телефоните на Чулев, игнорирајте лажни пораки од МЗ…

Преглед на настаните до 15,00 часот.

May 11, 2020 14:10
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Во ИЗМИНАТИТЕ 24 часа направени се 145 тестирања, потврдени се 22 нови случаи на Kовид-19 и има 64 оздравени.

 

По ОБЈАВАТА на информацијата на А1он за скандалозната набавка на два телефони за Кабинетот на министерот Чулев, во износ од 173.980 денари, Фронтлајн побара потврда од Министерството за внатрешни работи. Одговор сѐ уште нема, како на ова прашање, така ни на низа други прашања кои се поставени во текот на изминатите денови. Овој текст е даден на објавување во 14:30 часот денеска.

ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ на СДСМ, Коста Петров: Од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата предводена од СДСМ беа јасни. Да се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места, да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата.

МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филипче преку социјалната мрежа Твитер предупреди за лажни електронски пораки, овојпат како официјални содржини од Министерството за здравство. Министерство апелира граѓаните да не потпаѓаат под оваа манипулација.

 

FAKE NEWS: CIVIL – Со индигнација и остра осуда ги отфрламе инсинуациите, лагите, клеветите и скриениот говор на омразата во текстот „(АФЕРА) ДУВЛО ЗА ПРОПАГАНДА (2): Се претставува како невладин активист, а работи за СДСМ!“ објавен на порталот lider.com.mk на Љупче Златев на 9 мај 2020.

До KPAJOT на месец мај се очекува Јавното претпријатие „Лајка“ да почне да работи со полн капацитет, истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

ЦЕНИТЕ на нафтените деривати од полноќ се зголемуваат за три и пол денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

САМОСТОЈНИОТ синдикат за здравство, фармација и социјална заштита апелира до граѓаните да се воздржат од организирање настани и верски манифестации.

ВРШИТЕЛОТ на должноста премиер на Косово, Албин Курти се наоѓа во самоизолација, поради тоа што имал контакт со владин службеник кој бил во тесен контакт со лице заразено од новиот корона вирус

Од ДЕНЕСКА во Србија почна нов бран на нормализирање на секојдневниот живот, се отворија градинките и продолжениот престој за учениците од основните училиште, шалтерите на Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за регистри на деловни активности (АПР), како и судовите.

Во СЛОВЕНИЈА повторно е воспоставен јавниот превоз, а граѓаните ги почитуваат сите препораки на здравствените работници со цел да можат да ги користат автобусите и возовите.

Во ЗЕМЈИТЕ низ Европа се олеснуваат рестриктивните мерки воведени поради корона вирусот, со надеж дека тоа нема да доведе до втор бран на зараза.

ЛОНДОН и Брисел денеска ги продолжуваат преговорите за меѓусебните односи по Брегзит, откако во првите две рунди од преговорите не беше постигнат голем напредок и во време кога вниманието е насочено кон пандемијата на коронарен вирус.

 

А. Н. Стојчевски

 

Next Post

Калеска - Ванчева: Мицкоски е исплашен од поразот и бега од изборно соочување, лаже дека се потребни 60 дена за избори после вонредна состојба

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦРВЕН АЛАРМ НА ТЕРЕН: Се водат исцрпувачки битки со огнот, 9 активни пожари низ земјата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една година под истрага, а без обвинение: Кој ќе ја надомести штетата на осомничените во „Мазут“?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk