ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ден на сообраќајна култура: Културата во сообраќајот e основен предуслов за поголема безбедност

Сообраќајната култура не е само познавање на сообраќајните правила и прописи, туку претставува и навика на нивно редовно и безусловно почитување и применување.

May 11, 2020 10:02
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод 11 мај – Денот на културата во сообраќајот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира за повисоко ниво на култура во сообраќајот, со цел намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

– Да се почитуваме меѓу себе, како луѓе и како учесници во сообраќајот, и да изградиме систем на општествени вредности во кој културата и етиката во сообраќајот ќе имаат важно и водечко место. Секое незнаење, некултура и непочитување има цена, но незнаењето, некултурата и непочитувањето на правилата и прописите во сообраќајот чинат изгубени човечки животи, апелираат од РСБСП.

Од РСБСП велат дека сообраќајната култура е специфичен вид на култура која треба да ја поседува и секојдневно да ја практикува секој учесник во сообраќајот.

– Сообраќајната култура е мошне важен елемент на безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи и поседување на вештини и умеење да се управува со возило, туку истовремено претставува и навика на нивно редовно и безусловно почитување и применување. Таа претставува начин на перципирање на односите во сообраќајот, на движење и однесување кој треба да биде во насока на исполнување на општите и заеднички интереси на сите учесниците во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, се вели во соопштението од РСБСП.

Додаваат дека културата и етиката во сообраќајот се учат од мали нозе. Неопходно е, посочуваат, да ги учиме децата на сообраќајна култура од најрана возраст.

– Искуството покажува дека ги учиме децата на многу работи, а недоволно ги учиме за тоа како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот. Сообраќајната култура е дел од личноста на еден човекот и претставува одраз на неговиот карактер и како човек и како учесник во сообраќајот, нагласуваат од РСБСП.

Карактеристично е, додаваат во соопштението, тоа што најголем дел од учесниците во сообраќајот се единствени во ставот дека сообраќајната култура и етика не се на потребното и на посакуваното ниво, но за жал, велат од РСБСП, речиси сите ги бараат причините, вината и пропустите кај другите, а истовремено заборавајќи дека сообраќајот е сложен систем, мозаик во кои сите ние партиципираме.

– За сите учесници во сообраќајот постојат јасно дефинирани и прецизни правила и прописи кои сите треба да ги знаат, но и да ги почитуваат. Унапредување на културата, етиката и толеранцијата во сообраќајот значително ќе придонесе за побезбеден и посмирен сообраќај, односно ќе придонесе за помалку сообраќајни незгоди, помал сообраќаен метеж и помалку настрадани лица на улиците и патиштата. Бидете внимателни, одговорни, културни и толерантени учесници во сообраќајот, денес и секој друг ден, порачуваат од РСБСП.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Унгарската десница предлага законско решение со кое се става крај на признавањето на транс-лицата

НАЈНОВО

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу во КИЦ

October 6, 2025

Разговор со Румена Бужаровска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“

October 6, 2025

Аеродромот во Осло привремено ги прекина слетувањата поради забележани дронови

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk