ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Кумановски кризен штаб бара заживување на стопанството и враќање во функција на општинските служби

May 11, 2020 16:07
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Кумановскиот кризен штаб бара од Владата, во најитна постапка да донесе мерки, протоколи и препораки за брзо заживување на стопанските субјекти, а на градоначалникот му препорачува да ги врати во функција сите служби во рамки на Општина Куманово, како и во јавните претпријатија за да се запази функционалноста на општината и потребите на граѓаните.

-Согласно предходно изготвената проценка за епидемиолошката состојба од страна на Комисија за заразни болести и Министерство за здравство за територија на Општина Куманово, бараме од Владата на РСМ во најитна постапка да донесе соодветни мерки, протоколи и препораки за брзо заживување на стопанските субјекти ( хотели, ресторани, кафеани, кафулиња, занаетчиски дуќани и мали трговски единици) на територија на Општина Куманово со јасни и прецизно детерминирани услови и насоки за начинот, поставеноста и внатрешното уредување на функционалниот поростор во истите, се наведува во соопштението од денешната 42. седница на кризниот штаб на Куманово.На состанокот е донесена препорака да се прекине со понатамошна дезинфекција на претходно определените пунктови за возила во градот, освен на двата кои ги поврзуваат општините Куманово и Липково (Огрев и Бедиње). Ќе престане и превентивната дезинфекција  на станбените објекти која ја спроведуваа повеќе субјекти и таа обврска согласно со законот ќе им се предаде на станбените домари кои се задолжени за одржување на зградите.

Превентивната дезинфекција на јавни простории и површини во Куманово ќе престане, но улиците и понатаму ќе ги мијат екипите на „Чистота и Зеленило“ со натриум хипохлорид.
Согласно со претходните мерки предложени од Владата, штабот му препорачува на градоначалникот да ги врати во функција сите служби во рамки на Општина Куманово, како и во јавните претпријатија за да се запази функционалноста на општината и потребите на граѓаните. Штабот му препорачува на градоначалникот во консултација со Владата во најскоро време да излезе со предлози за делумно враќање на градскиот превоз, што како барање произлегло од средбата со претставниците на локалниот економски совет.
Врз основа на препораките и уредбите на Влада од кумановскиот кризен штаб ги потсетуваат граѓаните дека се должни да носат лична заштита на лицето при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори, кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица ( државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и сл.) 
Next Post

Катар ервејз подарува 100.000 билети за медицински работници од светот

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk