ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Зошто Мицкоски не сака да излезе на избори?

Тоа што требаше да бидат брзи предвремени парламентарни избори, се претворија во одложени. Пандемијата дополнително ги одложи изборите, но не и кампањата на Мицкоски и неговата партија. Но, сега кога се наближи времето за продолжување на изборниот процес и кога изборите реално може да се одржат веќе на средината на јуни, Мицкоски повторно бара одложување!

May 11, 2020 13:55
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

На Мицкоски му е исклучително важно да не се одржат изборите во јуни, а по можност, тие да не се одржат воопшто, барем додека тој е (формално) претседател на партијата. Тој започна масивна кампања за дискредитација на сите што имаат релевантни ставови, анализи и искуство на темите поврзани со изборните процеси, за да го исфрли на површината мислењето на неговиот „експертски“ тим како единствено исправно.

Но, излегува дека токму тој „експертски тим“ на Мицкоски има сериозен проблем со релевантноста. И партијата и нејзините експерти остануваат заглавени во мрачниот политички безизлез. Тоа и не е некое големо изненадување. Се работи за структура која во ниеден момент не покажа волја да се откаже од деструктивното криминално и авторитарно минато и од режимот кој го спроведуваше од 2006 до 2016 година.

Еден од аргументите за одложување на изборите што го употреби Мицкоски, можеби и наивно, со недоволно разбирање на материјата, е засновано на целосно искривено пренесување на ставовите на Венецијанската комисија. Оваа меѓународна организација во својот извештај наведува дека нема правило во меѓународното право кое ќе им забрани на државите да одржуваат избори или референдум дури и за време на вонредна состојба.

Низ „калкулаторот“ на Мицкоски, тоа изгледа вака: „…документ на Венецијанската комисија кој што станува сѐ поактуелен, а тоа е дека по завршување на вонредната состојба потребни се 60-тина дена за да се случат тие предвремени парламентарни избори, или парламентарни избори воопшто“, како што е цитиран на партиската веб страница на 10 мај. Такво правило имаат во Грузија.

Што се случува со Мицкоски и неговата партија? Зошто повеќе од две години постојано повикуваат на избори, а никако не сакаат тие да се одржат?

Да се потсетиме, веднаш по локалните избори во 2017 година, кога СДСМ на сопствено големо изненадување победи речиси секаде на локално ниво, Никола Груевски западна во „длабоки анализи“. Се случи што се случи. Груевски се повлече на удобната почесна претседателска функција и за претседател го постави својот лојален поданик, советник за енергетика, своевремено сопственик на неколку хидроцентрали. Самите ветерани во ВМРО-ДПМНЕ кои сега се или исклучени или притаени, говорат дека тоа биле сѐ, само не демократски внатрепартиски избори.

Веќе на почетокот на 2018 година, што се вели, уште не седнат на највисоката партиска фотелја, Мицкоски почна со барањата за предвремени парламентарни избори. Така беше и за време на претседателските избори во 2019 година, кога со неговата кандидатка и сегашна експертска советничка се обидуваа да го погодат името на градот каде се наоѓаат (Кочани – Кавадарци, Неготино, итн.) и останаа со нерасчистени 400.000 евра во извештајот.

Кога во октомври минатата година, по враќањето од Брисел, Зоран Заев повика на брзи предвремени парламентарни избори во декември, Мицкоски, наместо да се израдува, брзо се повлече. На лидерската средба на 20 октомври 2019 година кај претседателот Пендаровски, молел и пустел изборите и да не се случат толку брзо, па благодарение на самоувереноста (и попустливоста) на Заев, изборите се закажаа за 12 април 2020 година.

Тоа што требаше да бидат брзи предвремени парламентарни избори, се претворија во одложени. Пандемијата дополнително ги одложи изборите, но не и кампањата на Мицкоски и неговата партија. Но, сега кога се наближи времето за продолжување на изборниот процес и кога изборите реално може да се одржат веќе на средината на јуни, Мицкоски повторно бара одложување!

Одговорот на прашањето дали се работи за лична несигурност можеби се крие и во фактот дека Мицкоски не се појави ни на кандидатските листи, иако Заев, на дуелот на Канал 5, го покани да се соочат во Четвртата изборна единица. Но, повеќе од личната несигурност на политичарот кој самиот се претставува како добар математичар, можеби се партиските проценки дека не им е време за избори сега.

Со полноправно членство во НАТО, датум за преговори во ЕУ, успешно справување со коронавирусот и неколку други крупни достигнувања на контото на СДСМ од една страна и скандалите кои го следат ВМРО-ДПМНЕ од друга страна, не мора да се биде добар математичар за да се заклучи зошто во Белата палата (дивоградба) не се брзаат да излезат на избори.

Зошто се потребни избори во јуни, а не тогаш кога ќе пресмета Мицкоски – во следната епизода на Жолтко и Лутко.

 


Сите права се задржани.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Деветти „Марш за ангелите“ во Кочани: Полицијата и Обвинителството ни должат одговор, неселективна правда мора да има

June 7, 2025

МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

June 7, 2025
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Коко Гоф го освои Ролан Гарос за прв пат во кариерата

June 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците ќе ја задржат шминката како посмртна маска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје –Тетово: Почина 19-годишна девојка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога една телефонска линија е алка во синџирот на лицемерието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повредените Ангела и Андреј во пожарот во Пулс што се лекуваа во Белград, се враќаат дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МТФ „Војдан Чернодрински“: Претставата „12“ на МНТ е за некомпетентноста на современото живеење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk