Министерот за здравство, Венко Филипче со пост на Фејсбук ја соопшти охрабрувачката статистика дека во 12 градови низ земјава каде имаше регистрирано случаи на корона вирус, заклучно со денес нема веќе активни случаи.
Заклучно денеска во 12 градови каде имаше заболени, веќе нема активни случаи на КОВИД-19. Да ги почитуваме мерките и да го задржиме овој тренд.
Во следниот период очекуваме стабилна и мирна состојба во однос на епидемијата. Бидејќи капацитетите за тестирање се растеретени, од утре почнуваме со масовен скриниг – започнуваме со вработените во детските градинки, напиша Филипче.
A. H. C.