Утврдени се 10 нови случаи позитивни на вирусот Ковид-19 од направени вкупно 198 тестови, изјави на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Новите случаи се од Скопје – 6, Куманово – 2, и по еден пациент од Прилеп и Велес.
„Има тренд на намалување, но има и варијации во изминатите денови. Она што на некој начин е добро што најголемиот број на новодијагностицирани пациенти со ковид-19 се во врска со точно утврдени настани. Еден погреб во Тетово и еден семеен настан во околината на Скопје“,
Како што кажа тој, оздравени се 5 пациенти, а еден пациент починал. Станува збор за 60-годишен пациент од Делчево кој имал малигни заболувања.
Досега од Ковид-19 во Македонија вкупно се заразени 1,674, оздравени се 1.205, а починати 92. Во моментов има 377 активни случаи.