Владата изработи трет пакет мерки кој вклучува намалени рестрикции во некои области каде тоа е можно.
Спасовски најпрво соопшти дека мерките помогнале да се спречи поголемо ширење на корона вирусот, здравствениот систем соодветно се справува, а зголемени се и капацитетите на здравството.
Тоа е резултат на системските мерки носени по препораки на експертите, научни анализи и следење препораки од СЗО.
Комисијата за заразни болести укажува дека претстои опаѓање на бројот на заразени, што дава услови за намалување на мерките.
Премиерот Спасовски најави дека следуваат фази на намалување на рестрикциите.
По секоја од предвидените фази ќе има разгледување за понатамошно олабавување на мерките.
Мерките се креирани врз база на 3 најважни критеруми, вели Спасовски, дали пандемијата е под контрола, дали може здравствениот систем да се справи со неа и дали системот за надзор може да управува со случаите и да идентификува нови случаи.
Донесен е план од Владата за опуштање на мерките, согласно епидемиолошка состојба:
- 1 фаза – постепено намалување на мерките
- 2 фаза – (транзициона) – стриктни протоколи во работата на некои сектори
- 3 фаза – потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на мерките за заштита.
Во третата фаза, вели Спасовски, обврските ќе ги извршуваме во нова реалност, со маски и заштитна опрема и тоа не треба да се гледа како нешто страшно и чудно.
Секоја дејност каде се намалени рестрикциите, ќе мора да работи под строго одредени протоколи на заштита.
Мерките имаат ефект само доколку сите се придржуваат кон прописите за заштита, рече Спасовски.
А. Н. Стојчевски