Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во изјава по лидерската средба на Водно, се осврна на неколку теми поврзани со средбата.
Тој започна со условите кои досега се исполнети за одржување на избори, како што е рокот за набљудувачи од ОДИХР кои ќе присуствуваат на изборните места.
Во предвидената временска рамка, ДИК би имале сосема доволно време за да го ажурират изборниот список, рече Заев и додаде дека збори наесен би биле веќе доцна бидејќи сме со техничка влада и со крајниот рок за избори би се пробиле сите уставни рокови.
Едно е важно за сите, нема поважна работа за нас политичарите од здравјето на граѓаните. Нашите здравствени институции имаат целосна доверба од опозицијата, од власта, рече Заев.
Констатиравме дека комисиите можат да пропишат протоколи по кои можеме да се водиме, но не можат да ни кажат кога да организираме избори. Ако имаме и провизорен датум, ОБСЕ треба да знае заради предвидените набљудувачи, вели претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Сите бевме согласни, и власт и опозиција, дека ќе мора да живееме со корона вирусот, никој не може да знае кога ќе нема веќе заразени, само вакцината може да е гаранција. Затоа, првиот погоден момент за избори треба да се прифати.
Следна недела повторно лидерска средба, откако ќе се знаат ставовите на Комисијата за заразни болести и Кризниот штаб.
Заев потоа додаде и дека всушност изборите се прогласени и одлучено е да се одржат.
Како партија, на средбата понудивле и датуми за кои можело да се разговара, со краен рок кон почетокот на јули.
И покрај тоа што есен е ризично време за избори и што поскоро е потребна политичка Влада и ставање на институциите целосно во функција, што би значело поголема безбедност на граѓаните, сепак опозицијата не била спремна да збори за датум.
Како владејачка партија, додаде Заев, пред вас потврдувам дека остануваме на располагање заедно да утврдиме датум кога е најдобро за сите, тоа е обврска на сите политички чинители.
Пред да одговори на новинарски прашања, претседателот на СДСМ, Заев истакна и дека сакаат со консензус да го утврдат датумот, и дека никој нема да избега од избори.
Во врска со форматот на идната кампања, Заев додаде дека треба убаво да се разгледаат сите можности и начини за секој политички кандидат да има фер можности да се презентира пред гласачите.
А. Н. Стојчевски