ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

18: ДИК до утре да изготви роковник за изборен процес, изборите се распишани, ДПМНЕ е во бунило, ЦИА: Кина сакала да ја спречи СЗО да предупреди за вирусот

Блок актуелности во 18 часот.

May 13, 2020 16:58
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ДИК до утре треба да достави роковник за изборниот процес. Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими членовите на Државната изборна комисија откако вчера во неговиот Кабинет се одржа лидерска средба за одржувањето на предвремените парламентарни избори.

СДСМ: Изборите се прогласени и распишани одамна, со уредба се само одложени, ВМРО-ДПМНЕ е во бунило.

На денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, прашан за коментар на тоа што од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нема согласност изборите да бидат прогласени како што тврдеше Заев по лидерската, ниту дека има согласност дека ќе важи уредбата за избори 22 дена од вонредната состојба, вашиот коментар, одговори дека изборите се прогласени многу поодамна, дека со прогласувањето на изборите е распуштено и Собранието на Република Северна Македонија и секако заради пандемијата и заради појавувањето на корона вирусот беше донесена уредба со којашто изборите беа одложени.

Жерновски: Избори ни се потребни што поскоро.

Андреј Жерновски

– Во услови кога е оневозможено функционирањето на Собранието, а со тоа и оневозможено како демократски и претставнички орган да ја контролира извршната власт, избори ни се потребни што поскоро. Ова особено во услови на вонредна состојба, кога ингеренциите на Владата се зголемени и речиси неограничени, вели Жерновски.

Шилегов: Додека сум градоначалник на Скопје, на плоштадот нема да никне зграда. „Додека јас и градоначалникот на општина Центар сме на овие функции нема да дозволиме јавниот простор да стане луда барокна градба. Скопје е единствениот град во светот каде плоштадот е продаден. Очекувам јавното обвинителство да си ја врши работата, а јас ќе ја водам оваа борба се додека оваа парцела не стане повторно јавен простор“, вели Шилегов.

Сугарески: Опозицијата нека дојде на терен да се увери дека државата ни е вистинско градилиште, наместо да држат кабинетски пресови.

Тој ја повика опозицијата да излезе на терен и да види дека во источниот дел има голем број на градилишта, како што се екпсресниот пат Штип-Кочани, реконструкцијата од Пробиштип до Крупиште, а минатата година се санирани и реконструирани голем број од регионалните патни правци. Смета дека во делот на реализацијата на капиталните инвестиции и оваа година ќе биде успешна.

Спасовски: Со брзата изградба на експресниот пат Штип-Кочани, го градиме забрзано и југоисточниот дел од државата.

Штип првпат не го отвори пунктот за брисеви за Ковид-19, нема ниту еден упат за тестирање.

Стоматолошките услуги од денеска достапни во сите ординации. Со рестриктивен режим на работење, изготвен од страна на Стоматолошка комора на Северна Македонија, а по препорака на Комисијата за заразни болести, денес започнаа со работа сите стоматолошки ординации во државава.

Општина Тетово побара Владата да ја укине забраната за јавен превоз на патници. Тетовскиот кризен штаб денеска упатил барање Владата да се укине забраната за организиран јавен превоз со автобуси и комбиња кои се движат на територија на општина Тетово и околните општини. Оваа забрана беше воведена од 21 април.

(ВИДЕО) Дуо Благој Нацоски- Цацко Конопишки, хумор и позитивна енергија во тешки времиња.

ЦИА тврди дека Кина сакала да ja спречи СЗО да предупреди за вирусот. После германската разузнавачка агенција БНД, и американската ЦИА тврди дека Кина се обидела да ја спречи Светската здравствена организација да го предупреди светот за епидемијата на коронавирусот во јануари, кога Пекинг набавувал медицинска опрема низ целиот свет.

Во извештај на ЦИА, чија содржина ја потврдиле двајца разузнавачи за „Њузвик“,се тврди дека Кина и се заканила на Светската здравствена организација дека ќе престане да соработува во истрагата на СЗО, доколку прогласи светска здравствена криза.

И.Т.Зафировска
Next Post

Започнуваат координации со соседните земји околу регионален пристап за справување со корона вирусот

Shortcut

Најново

Резервисти, Арачиново, јуни 2001 година (фото извор: Википедија)

Судир на сведоштва и тврдења за проектите за поделба во 2001 година

August 16, 2026

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk