ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Спасовски: Со брзата изградба на експресниот пат Штип-Кочани, го градиме забрзано и југоисточниот дел од државата

May 13, 2020 15:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Оливер Спасовски денеска заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, изврши увид во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш (I-фаза од клучка Штип југ до Бучим).

„Можам да констатирам дека изградбата на експресниот пат се одвива со одлично, забрзано темпо. Реализацијата на работите е извршена до 83%, и доколку дозволат временските услови се очекува експресниот пат да биде завршен и пред предвидениот рок.
Крајниот рок за завршување на оваа делница, од клучка Штип-југ до Бучим, вредна 27,13 милиони евра, е април 2021 година.“, рече премиерот Спасовски.

Тој истакна дека втората фаза од изградбата на експресниот пат опфаќа реконструкција на две под делници, од Три Чешми до Штип-југ и од Бучим до Радовиш во должина од 16.87 км и додаде дека во тек се подготвителните работи на трасата.

„Со овие, и со интензивните работи на експресниот пат Штип-Кочани, го градиме интензивно југоисточниот дел од нашата земја и продолжуваме да ја поврзуваме нашата земја.

Изградбата на овој експресен пат има големо влијание врз развојот на економијата и ќе придонесе за рамномерен регионален развој. Ќе се овозможи побрз транспорт на стоки, услуги, добра и луѓе. Она што е важно, експресниот пат Штип-Радовиш се надоврзува на автопатот Миладиновци-Штип и благодарение на тоа граѓаните од југоисточниот дел на нашата земја за многу пократко време ќе патуваат и ќе пристигнуваат во главниот град Скопје да ги реализираат своите зацртани планови, потреби и цели. Со мрежата од автопатното решение Штип-Радовиш, и со мрежата од експресни патишта меѓу градовите од овие региони, граѓаните побргу ќе можат да пристигнат во соседниот град да ги видат своите пријатели, роднини или да завршат некоја работа. За студентите тоа ќе значи побрза фреквенција на месечно и годишно ниво од нивниот факултет до нивното место на живеење итн.“ истакна Спасовски

Премиерот Спасовски потенцира дека изведбата и завршницата на работите на оваа модерна патна мрежа во голема мерка ќе го скрати и времето за транспорт на стоки и услуги што дополнително позитивно ќе влијае за раздвижување на економската активност во овој дел на нашата земја. Тој додаде дека со овој пат земјоделските производи од струмичкиот или кочанскиот регион, побргу ќе стигнуваат во Скопје и како и до крстопатите со европските коридори за пласман на нашите производи во Европските земји.

„Овој видлив напредок во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш е силен показател дека нашата земја се гради интензивно без посебно влијание на вонредната состојба заради коронавирусот.“, истакна Спасовски.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

ДИК до утре треба да достави роковник за изборниот процес

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk